Дизајнерките на накит Јана Ацевска и Мима Пејоска, организираат дводневна бесплатна работилница за „дизајн размислување“ (Design Thinking), во рамките на проектот „дизајн предизвик“ (Design Challenge).
„Dизајн размислување“ (Design Thinking) е пристап користен од страна на креативците низ цел свет, преку кој се решаваат комплексни задачи за да се стигне до свежо, иновативно решение, преку разни системски истражувања и оживувања на имагинацијата.
Работилницата е наменета за сите кои се спремни на нови креативни предизвици и заинтересирани за запознавање со основите на Design Thinking методологијата, изучување на конкретни методи, техники и вежби и искусување на целиот процес.
Работилницата ќе ја води Сузан Бергер, стручен предавач од школата Hasso- Platner D-Sshool од Берлин и ќе биде на англиски јазик.
Бројот на учесници е ограничен, а краен рок за аплицирање е 1 јуни. Работилницата ќе се одржи на 11 и 12 јуни, од 10:00-17:00 часот. Повеќе информации и формата за апликација може да се најдат на www.designtatamata.com . Селектираните кандидати ќе бидат известени за учеството на работилницата.
Проектот е поддржан од Амбасадата на САД.