Денес, (10 мај) и утре (11 мај) во изложбениот салон и заедница на македонски дизајнери и знаетчии „Лаб дизајн маркет“ од 12 до 18 часот ќе има промоцијата на новите дизајнери кои ќе се приклучат на досегашната понуда на маркетот.
„На настанот ќе им посакаме добредојде на новите дизајнери во нашата заедница, а на посетителите ќе им ги прикажеме овие сосема нови брендови чии колекции се целосно рачно изработени“, велат организаторите.