Помина долг период од последниот, седми, студиски албум на британскиот бенд Џамироквај во 2010 година. Иако без посебно внимание од јавноста, бендот уште лани најави дека ќе објави нов албум, а вчера на својот Јутјуб канал сподели кратко видео од нивната прва песна од албумот насловен „Automaton“.
Видеото е полно со футуристички снимки и одреден синт поп звук. Тоа е насловено како „Automaton Transmission 001“.
Во 2013 година, тапанарот Дерик МекКензи изјави дека работат на новиот албум, додека басистот Пол Тарнер во мај минатата година соопшти дека албумот е речиси готов. Првичната објава на албумот се очекуваше во октомври и ноември, а за првиот сингл да излезе во септември.
Но, се уште нема официјален датум кога ќе биде објавен албумот.