Организацијата на Млади европски федералисти во Македонија, како дел од активностите за Месецот на Европа, организира дебата на актуелната тема за даноците и социјалната правда, особено фокусирајќи се на Законот за хонорари.
На тема „Колку малку е премногу? Каква даночна политика генерира повеќе правда?“ ќе дебатираат:
– Проф. Ванчо Узунов – професор на Правниот факултет „Јустинијан I“ – Скопје и економски експерт;
– Бојан Богевски – ко-основач на либертаријанскиот клуб Атлас;
– Јасмина Голубовска – Платформа за граѓанска политика „Ајде/Hajde“; и
– Бранимир Јовановиќ – левичарско движење „Солидарност“.
Панелистите ќе ги аргументираат своите различни тези во врска со актуелната состојба со Законот за хонорари, неговата реалната примена, можните последици, европските решенија со позитивна пракса и начини како би се имплементирале во РМ со цел приближување на Македонија кон ЕУ.