Супер телескопот „Џејмс Веб“ истражуваше во некои од најтемните, студени предели во вселената барајќи траги од хемијата што учествува во создавањето на планетите, а дури можеби и на животот.
На најновата фотографија од телескопот е прикажан сегмент од молекуларниот облак „Камелеон |“ што е наоѓа на оддалеченост од 630 милиони светлосни години од Земјата.
Токму тука, на температура до -260 степени целзиусови телескопот откри типови на зрна мраз што претходно не биле забележани. Според тоа, се смета дека во одреден момент таквите облаци од мраз ќе се срушат и од тоа ќе се формираат ѕвезди, а околу нив планети. Тогаш хемијата што „Веб“ ја набљудува ќе биде инкорпорирана во нив. Овој феномен е видлив на фотографијата во горниот лев агол.
Портокаловиот „песочен часовник“ е ембрионска ѕвезда која за да се дооформи влече материјал од облакот. Портокаловите ѕвезди под неа се позрели и доволно светли што ги генерираат шесте шила кои ги препозна телескопот преку неговите сегментирани огледала.
Сепак за да ги истражува зрната мраз, „Веб“ треба да погледне зад облакот „Камелеон |“. Мразот ја апсорбира светлината од што се пробива преку облакот и на тој начин ја открива својата структура.
„Мразовите прават апсорпција на одредена бранова должина на светлината и кога ќе се стават сите заедно во еден спектар може да се види нивниот хемиски состав“, изјавила д-р Мелиса МекКлур од Универзитетот Лајден во Холандија.
Истражувањето се прави преку инфрацрвените и средните инфрацрвени спектометри што влегуваат во дизајнот на моќниот телескоп, а делумно и со инфрацрвената камера што ја направи фотографијата.