Полека стигнавме и до седмата, последната говорничките на дванаесеттиот ENGAGE, единствениот настан за социјален активизам – Џералдина Гера Гарсес, која доаѓа од Еквадор.
Гералдина е извонреден борец за женските права и правата на маргинализираните заедници, таа ќе зборува на темата „Родова еднаквост: перспективи и напредок во 21 век“.
Активистката е претставничка на „АЛДЕА“, организација посветена на градење на инклузивно општество со фокус на човековите права, родовата еднаквост и интеркултурализмот.
Како клучен член на Феминистичката алијанса за мапирање на Феми(ни)цидес, Џералдина соработува со организации од сите 24ти провинции на Еквадор со цел да ја подигне свеста и да се бори против фемицидите.
Дополнително, таа е лице на Националната мрежа на засолништа, која обезбедува витална поддршка за оние кои се погодени од родово насилство.
Не пропуштајте го нејзиниот инспиративен говор во кој таа ќе ги сподели своите непроценливи сознанија и искуства со поттикнувањето промени за поправедно општество.
Дванаесеттиот „ENGAGE“ ќе се одржи утре, на 9 јуни, со почеток од 14 часот во Младинскиот културен центар во Скопје, каде ќе се одржат инспиративни говори на странски и домашни активисти, креативни работилници, како и вечерна журка со бендови – „ENGAGE the night“. Вечерната програма од 20 часот ќе биде преземена токму од растечкиот колектив „Гола Планина“ , кои ќе претстават шест свежи бендови со авторска музика.
Целиот настан е бесплатен, а регистрацијата е отворена преку сајтот www.engage.mk.
Настанот за социјален активизам „ENGAGE“ е организиран од Радио МОФ и Младински образовен форум, а поддржан од National Endowment for Democracy.