Џез вечер на францускиот џез пејач, пијанист и композитор, Клод Болинг заедно со македонскиот џез состав „Toot quartet“ ќе се одржи утре (1 јули), со почеток во 19 часот и 19 минути во Културно-информативниот центар – Скопје.
Болинг има големи заслуги за традиционалното заживување на џезот кон крајот на 60-тите. Има пишувано музика за 75 филмови, за 44 телевизиски серии, 11 композиции во кросовер стил за пијано, флејта, виолончело, труба, виолина, гитара, саксофон кои се микс од популарна, џез, класична музика, посочуваат од КИЦ.
Џез групата „Toot quartet“ во состав на Стојанче Косовски на труба, Емилија Кабранова Филипова на пијано, Зоран Павлоски на контрабас и Филип Шурбевски на тапани е формирана во 2020, а досега има настапувано во неколку градови низ Македонија.