Австралискиот кинематограф Џон Сил веќе втор ден е во Македонија. Тој утре на свеченото отворање на 10 септември, во Центарот за култура во Битола, ќе ја прими наградата за ќивотно дело „Златна Камера 300“ и ќе се вброи во Клубот на великаните на филмската камера на фестивалот „Браќа Манаки“.
Џон Сил сними дел од најзначајните остварувања на светската филмска уметност, а во 1997 година освои Оскар за филмот „Англиски пациент“. Тој ги има снимено филмовите како „Талентираниот господин Рипли“ и „Студена планина“, потоа незаборавните „Друштвото на мртвите поети“ и „Сведок“.
Во 2015 беше номниран за Оскар за филмот „Лудиот Макс: Пат на бесот“
На фестивалот во Битола, публиката ќе има ретка можност да проследи и разговор/мастер клас со големиот кинематографер Џон Сил.