Откако пред некој ден тоа го стои Нил Јанг, сега и пејачката Џони Мичел реши солидарно да ја повлече својата музика од популарната платформа „Спотифај“ како протестен гест поради промовирање дезинформации за коронавирусот.
„Одлучив да ја повлечам целата своја музика од ‘Спотифај’. Неодговорни луѓе шират лаги кои чинат животи на луѓе“, изјави познатата пејачка и додаде дека ја поддржува Јанг во борбата против контроверзниот подкастер Џо Роган.
„Јас сум солидарна со Нил Јанг и глобалната научна и медицинска заедница по ова прашање“, рече Џони Мичел (78), која има 3,7 милиони следбеници на „Спотифај“.
Јанг изминатава недела ги повлече своите песни од музичката платформа.
„’Спотифај’ стана место на потенцијално смртоносни дезинформации за коронавирусот. Лагите се продаваат за пари“, рече Јанг, чиј гест беше поздравен од генералниот секретар на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејесус.
„Тие (Спотифај) можат да ги имаат Роган или Јанг. Не и двајцата “, рече Јанг, изразувајќи надеж дека и другите музичари и издавачки куќи ќе го сторат истото.
По ваквиот развој на настаните, со свој коментар се јави и музичарот Џејмс Блант, кој на духовит начин рече дека ако аудио стриминг сервисот не го тргне подкастот на Роган, тогаш тој ќе објави своја музика на „Спотифај“.
Блант неколку пати претходно се има пошегувано дека „е негативно ако објавува музика со светот“.
If @spotify doesn’t immediately remove @joerogan, I will release new music onto the platform. #youwerebeautiful
— James Blunt (@JamesBlunt) January 29, 2022
Инаку, договорот на Џо Роган со „Спотифај“ минатата година беше проценет на 100 милиони долари. Тој е оспоруван за обесхрабрување на младите луѓе од вакцинација против коронавирусот и промовирање неовластени терапии против ковид. Минатиот месец Роган го интервјуираше доктор Роберт Малоун, кој беше забранет од Твитер за ширење на КОВИД дезинформации.
Со свој коментар се јави и „Спотифај“, од каде рекоа дека имаат правила за отстранување на погрешните содржини од својата платформа и отстраниле повеќе од 20.000 епизоди на подкасти поврзани со КОВИД-19 од почетокот на пандемијата.
Но, сервисот не кажа ништо за комичарот Џо Роган и подкастот „The Joe Rogan Experience“.