Бројот на ученици во редовните основни училишта на крајот на учебната 2015/2016 година изнесувал 185.119 и забележува намалување од 1,7 отсто во однос на претходната учебна година, објави Државниот завод за статистика.
Во редовните средни училишта, бројот на ученици на крајот на учебната 2015/2016 година изнесувал 77.625 што претставува намалување за 5,1 отсто во однос на претходната учебна година.