Индексот на трошоците на животот во 2024 година, во однос на 2023 година, бележи пораст од 3.5%, а индексот на цените на мало за 3.8%, соопшти Државниот ззвод за статистика (ДЗС).
„Движењето на индексот на трошоците на животот во 2024 година беше различно кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е забележан во сите групи: ресторани и хотели за 9.9%, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 7.6%, здравје за 5.3%, разновидни стоки и услуги за 5.1%, рекреација и култура за 4.9%, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 3.8%, облека и обувки за 3.1%, комуникации, храна и безалкохолни пијалаци за 2.9%, транспорт, домување, вода, електрика, гас и други горива за 1.4% и образование за 0.2%“, се посочува во соопштението на ДЗС.
Во меѓувреме, движењето на индексот на цените на мало во лани, исто така, било различно кај одделни групи производи. Пораст на индексите е забележан во сите групи, односно кај земјоделските производи за 7.1%, услугите за 5.0%, пијалаците за 4.0%, индустриско-прехранбени производи за 3.5% и индустриско-непрехранбени производи и тутун за 2.1%.