Сите кандидати кои треба да полагаат за возачка дозвола имаат можност да користат интернет апликација што ќе им помогне полесно да си научат сообраќајните правила и прописи и да го поминат теоретскиот дел од испитот.
Македонската апликција за Windows Phone Е-Тестови е наменета за тестирање и утврдување на знаењата на идните возачи со што им се овозможува подобро да се подготват за теоретскиот дел, потсетува socialnet.mk
Опфатени се официјалните прашања за „Б-категорија” кои може да ги добие кандидатот при полагање на теоретскиот дел.
Е-Тестови дозволува бесплатно преземање на апликацијата од ОВДЕ.