„Ecotopia Biketour 2014“ која започна на 10 јули во Софија, на почетокот на август патувачката вело-заедница ќе мине и низ Македонија. Според планот на организаторот, велосипедистите по Софија, Ниш и Приштина доаѓаат во Скопје, а од 5 до 9 август ќе се движат низ Македонија. Заедницата потоа продолжува кон Солун, Халкидики, Лариса, Волос, за помеѓу 28 и 30 септември да стигне во Атина.
АКСЦ и Ку Ла во соработка со НаТочак и Зелената Арка најавуваат бројни активност за време на движењето на велосипедистите низ Македонија:
Велосипедската тура „Екотопија“ е мобилна направи-сам (DIY) заедница, која се занимава со активизам, алтернативни начини на организирање и одржливо живеење низ различни региони на Европа повеќе од 20 години.
Оваа тура е отворена за сите заинтересирани за DIY, заштита на животна средина, активизам, живот во заедница, учење од различни култури, како и учење едни од други.
„При патувањето – споделуваме вештини, практикуваме носење одлуки со консензус и заеднички работиме на создавање на неформална и не-хиерархиска средина. Готвиме локална веганска храна користејќи рачно направен шпорет, кампуваме и работите ги пренесуваме на велосипеди и приколки. Во местата кои ги посетуваме, разменуваме идеи и искуства, споделуваме вештини или физички помагаме.Ние сме заедница која се развива во движење“, наведуваат „бајкерите“.