По повод 80 години „Остен“ и Денот на шегата, денес, 1-ви април во 19 часот, во галерија „Остен“ ќе биде отворена изложба на карикатури и хумористично-сатирични текстови на карикатуристи и текстописци од редакцијата на „Остен“ и долгогодишни соработници со наслов „Еден за сите, сите за никаде!“
Автор на насловниот афоризам за настанот е Живко Павлов, додека за промотивните материјали е употребена карикатура на Дарко Марковиќ.
На изложбата ќе бидат претставени карикатури и текстови на Никола Анѓелкоски, Сунчица Божиновска, Владо Бороевиќ, Ѓуро Варга, Ане Василевски, Миро Георгиевски, Мирослав Грчев, Блаже Докуле, Миле Ѓорѓијоски, Ласко Џуровски, Славољуб Игњатовиќ, Александар Јанковиќ, Мице Јанкуловски, Панде Јаревски, Дукан Јелен, Владо Јоциќ, Иван Карадак, Живко Козар, Наташа Костовска, Глигор Костовски, Миле Манчевски, Дарко Марковиќ, Делчо Михајлов, Живко Павлов, Боро Пејчинов, Лазо Плавевски, Јордан Поп Илиев, Василије Поповиќ Цицо, Миле Попоски, Драган Поповски, Ефтим Проески, Љупчо Сиљановски, Васил Толевски, Димитар Чудо, Софе Штерјоски.
На настанот ќе бидат доделени Повелби за придонес во развојот на карикатурата, хуморот и сатирата во Македонија.