Најмалку единаесет лица, ученици и наставник, се убиени при вооружен напад на училиште во рускиот град Казањ, пренесува Би-Би-Си.
Според досегашните информации во нападот учествувале две лица, а едно 19-годишно машко лице е приведено. Засега не е познато што се случува со вториот напаѓач.
На аматерско видео, кое се појави на социјалните мрежи, може да се види како пред училиштето има засилено полициско присуство, а видеото покажува и како деца скокаат од прозорите за да побегнат како и евакуирање на ранети лица.
Регионалниот претседател, Рустам Миниканов, за новинарите изјавил дека се работи за катастрофа и дека уште 12 деца и четири возрасни лица се пренесени во болница за лекување.
„Терористот е уапсен, има 19 години и бил регистриран сопственик на оружје“, рекол Миниканов.
Казањ е најголем град во регионот Татарстан, кој се наоѓа околу 700 километри источно од Москва.
Задержание одного из нападавших. Видео: Readovka pic.twitter.com/GsQmBFvTIM
— МБХ медиа (@MBKhMedia) May 11, 2021