Единицата за антитероризам при МВР влезе во училиштето „Петар Поп Арсов“ во Карпош откако директорката пријавила дека додека расчистувале просторија во училиштето пронашле 44 куршуми калибар 7х9, 3 рачни бомби м75 и седум алатки за активирање на мини.
Како што се појаснува во полицискиот билтен, случајот бил пријавен пред два дена, а полицијата констатирала дека се работи за школски предмети.
Од училиштето за Радио МОФ појаснуваат дека станува збор за верни копии на оригинали кои се користеле како реквизити по предметот Одбрана и заштита до 90-тите. Во тој период, се организирале акции со цел обука и проверка на подготвеноста при воена состојба. Во склоп на тие акции имало и обуки за ученици за управување со огнено оружје.
Е.П.