Граѓанската организација за родова еднаквост „Една може“ започна со создавање ткн. Женска библиотека. Таа би се состоела од академски трудови, извештаи, анализи, публикации, полиси брифови, студии на случаи, дескрипции, компарации и било каква родово сензитивна, феминистичка и женска академска литература.
Оттаму посочуваат дека Женската библиотека би се користела според Закон за авторското и сродните права и интелектуална сопственост на авторките.
Собраните трудови ќе бидат користени за да се направи база на женска академска литература, која ќе биде објавена онлајн, на веб-страницата на организацијата од каде ќе се мотивираат девојки и жени, да се зајакнуваат преку читање на аргументирани, релевантни документи за унапредување на женските права.
„Доколку сте авторка или ко-авторка на академски трудови, извештаи, анализи, публикации, полиси брифови, студии на случаи, дескрипции, компарации и слично – на кој било јазик! – пополнете го формуларот и придонесете кон создавањето на онлајн база на женска академска литература“, велат од „Една може“.
Формуларот за учество во повикот е достапен на следниот ЛИНК.