Во просториите на Салон 19:19 во Културно-информативниот центар (КИЦ) – Скопје, утре (20 септември) ќе се одржи едукативен концерт „Генијалноста на семејството Бах“.
„Таткото Јохан Себастијан Бах ја развил хармонијата, тоналитетите и контрапунктот на највисоко можно ниво кое е актуелно и денес, а неговите синови ја потстрекнале музиката во нов правец и нова ера – Класицизмот, во сите негови форми. Заедно развиле музички јазик кој влијаел нa сите компзитори подоцна, без кој секако класичната музика би се развила на сосема друг начин од онаа каква што ја познаваме денес“, се вели во најавата за концертот.
Организаторите информираат дека приказната за историјата на семејството Бах ќе биде пренесена преку текст, слајдови и музика со изведба на фрагменти од неколку значајни и познати камерни дела, како „Die Kunst der Fuge, Erbarme mich“ (Matheus passion), и неколку несекојдневни сонати.
На концертот што ќе започне во 19:19 часот ќе свират Марија Јакимовска на флејта, Сања Шуплевска на виолина, Орце Ицковски на фагот Емилија Маринова на пијано и Кристина Стојановска на виола