DIGIT (Design and Interactive Graphics in IT) претставува едукативна работилница на различни теми во полето на дизајнот и програмирањето. Скратено од Design and Interactive Graphics in IT, датира уште од 2013-та година и е создаден со цел студентите од сите факултети да се здобијат со вистинско техничко знаење во овие полиња (графички, апликациски, интерактивен и било каков друг дизајн).
Темата на овогодинешното издание на Digit Web, кое го организираат од Студентскиот парламент на ФИНКИ, e „Social Movements“, социјални движења, сајтови кои решаваат одреден нејзин проблем. Под „проблем“ би се подразбрало дека на овогодинешниот ДИГИТ ќе се прават веб-сајтови за организации.
За време на интерактивната петдневна работилница, која ќе се одржи од 17.12-21.12.2018, во просториите на Cosmic Development, натпреварувачите користејќи ја Ангулар технологијата и под менторство од вистински експерти ќе креираат свои дела (веб-страни) со фокус на front-end дизајнот.
За учесниците кои успешно ќе ја завршат работилницата, побарано е да им се доделат два ЕКТС кредити.
Заинтересираните можат да аплицираат на следниов ЛИНК. Апликациите се отворени до 11 декември, на пладне, а набрзо потоа избраните учесници ќе бидат исконтактирани. Котизацијата за настанот изнесува 300 денари.