Човекот кој ја разоткри најголемата афера за интернет следењето на комуникациите од страна на американската Национална безбедносна агенција (НСА), Едвард Сноуден е прогласен за личност на годината од еминентниот британски весник Гардијан.
Втора година по ред Гардијан прогласува Американец за личност на годината, откако лани на ова место се најде Челси Менинг (претходно Бредли Менинг), која исто така му предаде стотици илјади тајни документи на Викиликс, поради што доби затворска казна од 35 години.
Едвард Сноуден, кој објави повеќе од 200 илјади документи кои ја открија екстензивната и нападна природа на следењето на телефоните и интернет надзорот и собирањето на разузнавачки информации од страна на САД и нивните западни сојузници, бил најголем избор на повеќето од луѓето кои гласале.
Личната жртва на Сноуден, 29-годишниот поранешен службеник на ЦИА, како и неговите откритија дека владата на САД ги прислушкувала Американците и другите луѓе низ целиот свет е импресивна за повеќето читатели на Гардијан, се вели во текстот.
Извор: Гардијан