Edward Snowden, Американецот кој откри дека неговата влада ги прислушува граѓаните насекаде низ светот, го напуштил Хонг Конг со авион кон Москва, преку „законски и нормален канал”, објави Wikileaks, групата со чија помош се случува неговото бегство.
„Тој замина со помош на претставници на „Wikileaks“ кои му помагаат со Сноуден со “политички азил во една демократска држава, патни исправи (и) безбеден излез од Хонг Конг”, објави групата на Твитер. Се појавија и информации дека крајната дестинација на Snowden може да биде Исланд или Еквадор, државата во чија амбасада во Лондон со месеци се крие и основачот на „Wikileaks“, Julian Assange.
Snowden беше во Хонг Конг неколку недели по интервјуто во кое ги откри тајните на американските тајни служби. „Бегството“ на Snowden доаѓа по барањето на САД за негова екстрадиција и по заканите дека ќе биде обвинет за велепредавство и „помагање на непријател“ – дела за кои во татковината може да добие доживотен затвор.
Поранешниот вработен на американската Национална агенција за безбедност (NSA) Snowden излезе во јавноста со информации кои докажуваат дека американската влада, преку своите тајни служби надгледува и прислушува телефони и интернет-комуникација низ целиот свет, користејќи ги најфрекфентните комуникациски канали на Google, Facebook, Skype, Twitter и Yahoo, меѓу другите.