„EESTEC Academy“: Енергија и одржлив развој – викенд предавања за студенти и матуранти

Во рамки на „EESTEC Academy“ на 25 и 26 декември ќе се одржи вториот модул на овогодинешното издание на настанот каде ќе се зборува за актуелната тема „Енергија и одржлив развој“, а во соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

Овој онлајн настан претставува одлична прилика за сите кои што сакаат да се подобрат себеси, да научат повеќе за оваа тема, преку предавања на искусни професори од ФЕИТ. Бесплатен е и отворен за сите студенти и матуранти, заинтересирани за оваа област.

EESTEC Academy организиран од студентската организација EESTEC LC Skopje е настан со неколкугодишна традиција, кој годинава поради пандемијата се одржува онлајн. Академијата претставува серија од кратки обуки на актуелни теми од техничката област. Главна цел на настанот е да се овозможи на студентите, паралелно со нивните студии, да добијат дополнително знаење и вештини кои ќе им отворат нови перспективи во нивниот понатамошен професионален развој. Учеството на академијата е целосно бесплатно.

Првиот модул од EESTEC Acadmy се одржа кон крајот на ноември во соработка со Машински факултет Скопје (МФС).  Повеќе од 50 учесници, имаа можност да научат повеќе за светски познатиот микроконтролер Ардуино преку предавања од професори од Машински факултет Скопје.

Формата за пријавување е отворена до 23 декември и може да се најде на овој линк. Повеќе информации има на ФБ страната на EESTEC Academy.