По 30 години пауза , оригиналнaта екипа на Монти Пајтон се враќа на сцената . Пет од преостанатите живи членови од Монти Пајтон, во текот на месецов тајно се сретнале и се договориле да направат ново , заедничко шоу.
Тие до крајот на оваа недела во Лондон ќе откријат на каков проект работат.
Џон Клиз, Тери Гилијам, Тери Џонс , Ерик Идл и Мајкл Пејн најавија и прес конференција на која се очекува и официјално да потврдат дека се враќа „Летечкиот циркус“. За ова сведочи и твитот кој Идл го постави на својот профил .
Ова не е прв обид за обединување на трупата по пауза од три децении, а како што пишува британски „Сана ” е било „Или сега или никогаш” . Според првичните информации , се очекува дека тимот ќе настапи во живо, а постои можност подоцна да направат ТВ шоу или филм.
Сега медиумите се прашуваат дали познатата хумористична група ќе успее да го повтори успехот од пред неколку децении. Постојат резерви бидејќи сите членови се во своите десумдесети, а нивниот последнен настап беше пред 30 години во „Смислата на животот“.
Претходно последна надеж дека оригиналната постава ќе се собере за заеднички настап исчезна во 1989 година, кога почина Грем Чепмен. Потоа сите членови започнаа соло кариера.