За денот на планетата Земја, младинскиот совет на Американската амбасада во Македонија трета година по ред го спроведува проектот “Find the Green” (Пронајди го зеленилото).
Со многубројни активности волонтерите од младинскиот совет 3 месеци однапред работат на кревање на свеста за планетата Земја, загадувањето, штетните навики на човекот како и совети како да ја почитуваме и одржуваме околината чиста, информираат од советот.
Оваа година, младинскиот совет одржа едукативни работилници низ основните училишта во Скопје, а на самиот ден заедно со дечињата ги чистеа дворовите и засадуваа дрвца и цвеќиња.
„Оваа благодарна зелена акција претставува поттик за сите граѓани да ги вметнат овие еко навики во нивното секојдневие, а со тоа заедно да помогнеме кон почиста, позелена и поздрава средина за нас и идните наши генерации“, велат од младинскиот совет на Американската амбасада во Македонија.