Организацијата „Се – Ла – Ви“ и оваа година повикува на волонтерска Еко-акција за чистење на отпад во Парк-шумата Гази Баба, која ќе се одржи во недела (14.05) со почеток во 11 часот.
„Ќесите за отпад и ракавиците за собирање на истиот ќе бидат обезбедени, сè што треба е да дојдете и да се приклучите на акцијата“, велат од организацијата.
Од таму велат дека заедно можеме да се погрижиме за подигнување на јавната свест за чиста општина и поттикнување на здрави навики кај локалното население.
„Ви благодариме на поддршката и се надеваме ќе се видиме на настанот!“, велат од „Се – Ла – Ви“.