Од еколошкото движење „Еко Герила“ реагираат што помина еден месец од крајот на третиот продолжен рок за Југохром да стави филтри, но тоа сè уште не е спроведено. Тие бараат од Владата во најкраток можен рок да излезе со одлука за ова прашање.
„Дека оваа Влада се грижи само за личната корист на олигарсите, а не за интересите на мнозинство на граѓани го докажува уште еднаш во случајот на Југохром. Помина еден месец од крајот на третиот продолжен рок за овој канцероген загадувач , за да го започне процесот на поставување на филтри, а Владата продолжува да молчи.
Врз основа на потврдата од страна на Министерство за животна средина и просторо планирање , Југохром ги нема реализирано предвидените работи кои се дефинирани во Оперативниот план. Со оваа овој загадувач продолжува со труење и уништување на здравјето на околу 300 илјади жители на Тетово и околината.
Движењето Eco Guerilla бара од Владата на РМ во најкраток можен рок да излезе со одлука за оваа мошне загрижувачко прашање за жителите на Тетово и околината.
Ја изразуваме нашата огорченост за заобиколување и тенденциозно одолговлекување од еден месец за донесување на одлуката во согласност со законите.
Толеранцијата на загадувачите во неспроведување на дополнителни рокови кои до сега се продолжувани три пати, е кривично дело за кое ќе барааме законска одговорност од надлежните лица.
Овој пат бараме од Владата строго да го примени Уставот и законите на Република Македонија , така што истите ќе вредат како и во случајот на Макстил во Скопје , така и за Тетово.
Eco Guerilla како граѓанско движење повеќе од година дена врши сензибилизирање на јавноста и одговорните институции за овој проблем.
Секоја евентуална одлука која ќе биде спротивна на Уставот и законите од страна на Владата ќе придизвика поостра рекација од страна на граѓаните “, стои во соопштението на „Еко Герила“.