Здружението „Еко Герила“ од Тетово преку отворено писмо бара средба со новиот премиер на Владата, Зоран Заев и министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку. Писмото го пренесуваме интегрално.
До Г-дин Зоран Заев, Претседателот на Владата на Република Македонија
Почитуван Претседател на Владата на Република Македонија,
Граѓанското Движење „Еко Герила“ бара да реализира средба со вас, и со Министерот за Животна средина и просторно планирање со цел заеднички да ги диксутираме важните прашања во областа на заштитата на животната средина.
Ние сакаме лично да Ве информираме дека во текот на изминатите четири години, нашата организација беше мошне мобилизирана за ова фундаментално право. Благодарение на подигање на свеста и спроведување на законот, Тетово денес дише 56% почист воздух во споредба со периодот кога работел главниот загадувач.
Прашања кои треба да се дискутират се итни мерки кои треба да се преземат за да се постигне почиста животна средина не само во Полошкиот регион, но исто така на ниво на државата.
Движењето „Еко Герила“ се надева дека ќе го продолжиме започнатиот дијалог со цел надминување на овие предизвици и обезбедување на сите македонски граѓани подобар живот во оваа земја.
Ние остануваме цврсто посветени и нема да прифатиме каков било договор на сметка на здравјето на нашите сограѓани.
Со почит,
„Еко Герила“, Тетово