Група домашни и меѓународни граѓански организации испратија отворено писмо до Владата и Претседателот на Р. Северна Македонија, со кое побараа да се спроведе Одлуката на Постојниот Комитет на Бернската Конвенција, односно да се раскинат концесиите за трите планирани мали хидроцентрали во Националниот парк Маврово (Жировница 5 и 6 и Рибничка 7).
Отвореното писмо го пренесуваме во целост.
Почитувани г. Пендаровски и г. Ковачевски,
Ние, долупотпишаните невладини организации, Ви се обраќаме во врска со Одлуката на Постојниот
Комитет на Бернската Конвенција, усвоена во декември 2022 година за отворениот случај „2013/1 – Развој на
хидроенергија на територијата на Националниот парк Маврово“.
Потсетуваме дека Постојниот Комитет на Бернската Конвенција во 2015 година ја усвои Препораката бр.
184 (2015) со која побара од Република Македонија да:
„Го суспендира спроведувањето на сите владини проекти, особено предвидените хидроенергетски проекти
и инфраструктура, на територија на Националниот парк Маврово, сè додека не се подготви Стратегиска
оцена за влијанието врз животната средина (СОЖС), која посебен акцент ќе стави на кумулативните ефекти
на сите планирани развојни активности на територија на паркот, земајќи го предвид социјалниот аспект,
како и долгорочните ефекти на режими на водата на реките Дрим и Вардар“.
Шест години подоцна, во 2021 година, Постојниот Комитет повторно препорача (Препорака бр. 211)
Владата на Северна Македонија да:
„Ги суспендира и откаже одобрените концесии и оние планирани за изградба и да спроведе забрана за
хидроцентрали (големи, средни и мали) и во националните паркови, заштитените подрачја, подрачјата на
светско наследство и другите кандидат Емералд подрачја (потенцијални идни Натура 2000 подрачја) бидејќинивната имплементација ќе предизвика проблеми со усогласеноста со Бернската конвенција и б) ќе влијае на овие подрачја доколку се градат надвор од нивните граници“.
Од усвојувањето на овие препораки, до сега, ништо не е преземено во однос на планираните мали
хидроенергетски проекти во рамките на Националниот парк Маврово. Постојниот Комитет во декември 2022
година ја поздрави веста дека Владата неодамна укина седум концесии за мали хидроцентрали во
новопрогласениот Национален парк Шар Планина, пример што треба да се следи во Националниот парк Маврово и посочи дека е потребен побрз напредок и тоа особено за:
Откажување на останатите три концесии во НП „Маврово“(Жировница 5 и 6 и МХЕ Рибничка.
Член 118 од Уставот на Р.С.М. предвидува дека ратификуваните меѓународни договори се дел од
внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон, затоа Бернската Конвенција, како и одлуките и препораките на Постојниот Комитет (нивното спроведување) се законски обврзувачки. Членот 23 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународните договори специфицира дека Владата и Претседателот на Р. Северна Македонија се одговорни за извршувањето на меѓународните договори, како Бернската Конвенција.
(„За извршување на меѓународните договори на Република Македонија се грижи Владата на Република
Македонија и претседателот на Републиката“).
Имајќи ги предвид горенаведените одредби, укажуваме дека Владата и Претседателот на Северна Македонија се обврзани со закон за спроведување на Одлуката на Постојниот Комитет.
Понатаму, посочуваме на Насоките за имплементација на Зелената агенда за Западен Балкан, каде се наведува:
„Западен Балкан е дом на некои од последните недопрени реки на континентот, но нивната заштита
останува предизвик“; „Уникатен предизвик за реките во регионот е, исто така, наглото зголемување на
капацитетот на хидроенергијата низ регионот за четири пати помеѓу 2015 и 2017 година, што има
значителни влијанија врз животната средина и социјалните аспекти, како на земјата така и на пошироко
регионално ниво“.
Ја потсетуваме Владата на Северна Македонија на нејзината Програма за работа 2020-2024 година, а во која се предвидува забрана за изградба на нови мали хидроцентрали во заштитени подрачја и национални паркови.
Врз основа на овие одредби бараме одговорните органи на Северна Македонија да донесат одлука за поништување на МХЕЦ „Жировница“ 5 и 6 и Рибничка 7, како важен чекор кон зачувувањето на еден од најстарите национални паркови во Европа – НП „Маврово“, како и исполнување на меѓународната обврска на земјата.
Според последните информации – Министерството за животна средина и просторно планирање има обезбедено средства за изработка на Студијата за ревалоризација на НП Маврово и таа треба да заврши до крајот на оваа година. Имајќи го ова предвид, загрижени сме дека во следните неколку месеци инвеститорите ќе започнат со изградба на некоја од овие хидроцентрали (да се искористи периодот пред да се подготви Студијата) и тоа е една од главните причини поради кои ваквата Одлука треба итно да се донесе.
Со почит,
Environmental Citizens Association Front 21/42 (Еколошко здружение на граѓани „Фронт 21/42“), North
Macedonia;
Center for environmental research and information Eko-svest (Центар за истражување и информирање за
животната средина Еко-свест), North Macedonia;
EuroNatur, Germany;
CEE Bankwatch Network, Prague, Czech Republic;
RiverWatch – Society for the Protection of Rivers, Austria;
Slovenian Native fish Society (SNFS), Slovenia;
Res Publica, Albania;
Center for Environment (Centar za životnu sredinu), Banja Luka, Bosnia and Herzegovina