Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина Регионален зелен центар Охрид изработи дигитална мапа на која се мапирани појасите на трска долж крајбрежјето на Охридското Езеро. Оттаму соопштија дека на мапата се обележани појасите на трска од потегот од селото Подмоље од Св. Наум Охридски, на територијата на Општина Охрид.
„Со клик на секој од појасите се појавува легенда за истиот која содржи информации добиени од теренските истражувања кои се спроведоа во летниот период, должина и ширина на појасот, вкупна површина и споредба на површината во однос на претходни постари мерења, слики и кратки информативно- едукативни видеа“, напишаа од Регионален зелен центар Охрид на нивната Фејсбук страница.