„Нашето истражување за енергетскиот развој без негативни влијанија врз животната средина даде три насоки: Граѓаните сакаат енергетски развој но не по цена на уништување на природата и локалните заедници. Сонцето и ветерот се приоритетни извори на енергија. Енергетиката треба да ја планираме заедно- локалната и централна власт, граѓаните и експертите!“, соопштуваат од „Еко-свест“ по повод Светскиот ден на животната средина.
Заедно со The Nature Conservancy (TNC) и МАНУ, „Еко-свест“ ги објави првите локации на деградирано земјиште за велат дека кои можат да се трансформираат во енергетски проекти.
„Овие локации овозможуваат инсталирање на соларни и ветерни централи со моќност од над 600 MW“, посочуваат од „Еко-свест“.
Еко-активистите посочуваат дека проектот продолжува во втора фаза во која ќе формираат експертска работна група и ќе продолжат со идентификација на нови локации на деградирани земјишта.
Целта на проектот е забрзување на развојот на обновливите извори на енергија во нашата земја и побрза декарбонизација.
„На светскиот ден на животната средина порачуваме: Зелениот енергетски развој е возможен со паметно планирање и вклучување на сите засегнати страни!“, апелираат од „Еко-свест“.