По речиси два века откако Чарлс Дарвин направи патување околу светот, еколозите планираат да тргнат по неговите стапки, пишува „Еуроњуз“.
Група еколози ќе одат на двегодишно патување низ четири континенти за да го проучуваат ендемичниот див свет и да ја зајакнат неговата заштита.
Експедицијата ќе исплови денес (15 август) со брод стар 105 години од јужното англиско пристаниште Плимут, местото каде во 1831 година започнала експедицијата на Дарвин што го довела до заклучоците за развивање на теоријата на еволуција со природна селекција.
Експедицијата „Дарвин 200“ е долга 74.080 километри се надева да се закотви во 32 пристаништа вклучувајќи ги и големите пристаништа што ги посетил и бродот „HMS Beagle“ на Дарвин.
Групата до бројни оддалечени локации, како што е архипелагот Галапагос, ќе патува со Остершелде, реставриран холандски брод. Галапагос е местото каде Дарвин се инспирирал за да ја развие неговата книга „За потеклото на видовите“.
Во рутата се вклучени некои од најголемите места за дива вегетација и животни како и светски чуда, од бразилските дождовни шуми на Атлантикот до некој од најизолираните ненаселени острови на планетата.
Со ова патување, еколозите се надеваат да го обноват искуството за јавноста и младите екологисти.