Во град во кој половина од населението е помладо од 25 години, културата на младите се среќава насекаде. Среде турканицата на пазарот Ел Чопо во Мексико Сити илјадници луѓе се привлечени од бендови кои изведуваат во живо и од интересната мешавина од мода и ставови.
Даниел Фернандез е мексиканско-американски писател кој пишува за културата на младите овде, откако се досели од Калифорнија пред шест години.
„Мексико Сити e меѓу вториот и третиот најголем град на светот, а таквата големина и обем им овозможуваат на младите да прават што сакаат“, вели Фернандез.
„Во ваков вид на раздвижена, енергетска, во некои случаи и насилна и тешка или предизвикувачка урбана средина, можат да се случат различни нешта… во тие тензични места кои постојат меѓу младиот човек и градот, младиот човек и соседството ,младиот човек и семејството, младиот човек и училиштето… тоа едноставно е големо, големо место. “
За разлика од неговиот дом во САД каде културата на младите во најголем дел е апсорбирана од менјстримот, Даниел Фернандез вели дека отпорот кон власта овде сè уште е од суштинско значење за многубројните мексикански племиња кон кои се привлечени младите.
„Во 1980-тите полицијата навистина насилно ги репресирала различните форми на таквиот вид на културно изразување преку музиката, поп-рок, готик, скинхед движењето, ска движењето, сето тоа сè уште преживува, да се биде панкер сè уште е начин на давање отпор.“
Неодамнешните промени во политичкото лидерство во земјата предизвикаа брзо зголемување на отпорот на младите. Ендемичната корупција, долготрајната борба против мексиканските картели на дрога и длабоките економски проблеми и диспаритети се во фокусот на последователните протести.
Марта Аристизабал, студент активист: „Мислам дека сум оптимист, затоа што секоја промена ќе дојде за околу 10 години и ние ќе бидеме дел од таа промена, од таа иднина. Можеби јас и другите кои работиме на ова движење и го гледаме Мексико сега, во иднина ќе видиме подобро Мексико.“
Се вели дека таканаречената „младинска експлозија“ во Мексико ќе стане сè погласна и сè поголем предизвик во следните години, како што бранот на урбанизацијата сè повеќе ги шири границите на овие градови.
„Тоа создава добра култура, токму тие предизвици и мислам дека тоа им дава на децата добри начини за да се изразат себеси и да го направат тоа со живост, виталност и чувство на итност. Мислам дека тоа е една од главните разлики, тешко е да се живее тука и тоа создава добра младинска култура.“
Секој викенд во изминатите 30 години илјадници панкери, скинхеди и готици, се собираат на пазарот Ел Чопо во Мексико Сити. Тоа е редовна средбана палавите, урбани племиња на главниот град на Мексико.
Овој мега-град се наоѓа среде младинска експлозија и ја креираше една од најдинамичните улични култури во Латинска Америка.
Како што владата се бори со корупцијата, долготрајната борба со дрогата и економската нерамноправност, се забележува сè поголем отпор од младината на Мексико.
Извор: BBC
Превод: Ива Симоновска