Министерството за образование и наука (МОН) известува дека измените во законите за основно и средно и Законот за наставници во основните и средните училишта со кои се укина екстерното тестирање се објавени во Службениот весник на Република Македонија и со тоа стапуваат во сила.
„Со овие законски измени е укинато екстерното тестирање и истото нема да се спроведува. Сите отпочнати постапки во врска со екстерното проверување на знаењето на учениците запираат“, соопштија од МОН.
Вчера во македонското Собрание, Со 64 гласови „за“ и ниту еден против или воздржан, пратениците ги донесоа потребните законски измени за укинување на екстерното тестирање.