„Во потрага сме на сите заборавени кондури, патики, папучи, чизми кои ви зафаќаат простор во некој плакар, а не сакате да ги фрлите“, соопштуваат од Асоцијацијата „Еквалис“.
Од таму посочуваат дека сакаат на сите такви чевли да им исполнат уште една последна цел – да бидат дел од уметничка инсталација која ја приготвуваат, па затоа повикуваат на донации.
„Доколку имате пар кондури, без разлика какви и да се, од кои си трајно да се збогуваш, пиши ни порака!“, стои во повикот на „Еквалис“.