„Elden Ring“ е игра на годината според „The Game Awards“

Во Лос Анџелес во „Микрософт театар“ синоќа се одржаа „The Game Awards 2022“, каде главната награда за игра на годината ja зема „Elden Ring“. Играта на„FromSoftware“ го редефинираше „souls“ жанрот со својот огромен свет за истражување преку имагинацијата на Хидетаки Мијазаки, овој пат здружен со писателот Џорџ Р.Р. Мартин.

„Elden Ring“ имаше седум номинации, а доби четири награди, меѓу кои и за најдобра RPG игра, најдобра режија и креативна режија.

Можеби наградата за игра на годината беше очекувана, но не беше очекувано по прогласувањето на победникот и говорот на Мијазаки на сцена да упадне младо момче. Дечкото го зема микрофонот и „се заблагодари на реформираниот ортодоксен рабин Бил Клинтон“, по што беше тргнат од обезбедувањето, а по шоуто организаторите објавија дека бил уапсен.

Најголем конкурент на „Elden Ring“ беше „God of War Ragnarök“, играта каде Кратос и син му Атреус ја продолжија својата авантура во светот на нордиската митологија. Оваа игра имаше најмногу номинации – десет, па доби и најмногу награди – шест, меѓу кои и за најдобра акција/авантура, нарација, аудио дизајн, музика, перформанс и иноновација во пристапност.

Две признанија за најдобра инди игра и најдобра деби инди игра собра „Stray“, симпатична авантура со мачка што е вовлечена во „стимпанк“ футуристички свет населен со роботи.

„Marvel Snap“ ја зема наградата за мобилна игра, „Moss: Book II“ за VR/AR игра, „Gran Turismo 7“ за спортска игра, додека „Bayonetta 3“ победи го категоријата за најдобра акција.

Целата листа на добитници може да се види ТУКА.