Целовечерен авторски концерт за деца на композиторката Ана Пандевска ќе се одржи на 24 септември во 12 часот во Mузејот на македонската борба.
За прв пат интегрално ќе се изведе нејзиниот циклус „Во светот на чудата“ за пијано и фиксен медиум, а во изведба на малите и веќе добро познати пијанистки Ана и Ивана Мазнејкови.
Станува збор за елекроакустична музика чија програмност е инспирирана од најпознатите цртани филмови на Волт Дизни, на концертот ќе се изведат вкупно 16 пиеси за пијано и фиксен медиум.
Првиот дел од циклусот е напишан во 2018 година, а вториот дел, последните 8 пиеси ќе бидат со премиерна изведба, напишани во 2022 година.
Влезот е бесплатен, а проектот е дел од годишната програма на Министерство за култура на РСМ за 2022 година.