„Amsterdam Dance Event 2024“ (ADE) ќе се одржува од 16 до 20 октомври во Амстердам, Холандија, а ветува широк избор на настани, со содржини што задоволуваат повеќе вкусови.
Со настапи од врвни уметници, B2B сетови и уникатни теми за кои ќе разговараат познати имиња од електронската музичката индустрија, посетителите ќе имаат богат избор. Без разлика дали се љубители на техно, драм и бејс, или хаус, фестивалот нуди за секого по нешто.
Концептот на ADE е поделен во неколку платформи:
ADE Pro Conference
Годишен деловен собир на електонската музичка индустрија. Четиридневната конференција наменета за музички професионалци која се одржува од среда до сабота и нуди специјализирана програма која третира теми од областа на маркетинг, издаваштво и диџеј „booking“, па се до социјални промени и ментално здравје поврзани со музиката. Дополнителните можности за вмрежување со останатите делегати на ADE и лидери во индустријата обезбедуваат идеална и глобална основа за склучување зделки и напредок во кариерата.
Платформа наменета за идната генерација на креатори, уметници, диџеи и музички професионалци зад сцената, со четиридневна програма полна со активности и искуства фокусирани на целиот спектар на креативни дисциплини во електронската музика, кој има цел да помогне за унапредување музички кариери.
Столбот на спојката помеѓу електронската музика и другите форми на уметност. Овогодинешното издание е четврто по ред.
Програма распоредена низ 5 деноноќиа во која учестуваат над 2.900 артисти на повеќе од 200 локации.
Водечка меѓународна конференција за хип-хоп, бас и битови. Во сабота, на 19 октомври, настанот ќе понуди богатa програма со сесии за вмрежување, музички разговори, мастер-класови и практични бизнис случаи, сите фокусирани на најновите трендови и можности од глобалната музичка сцена.
Стартап програмата која се одржува паралелно со конференцијата ADE Pro. Насочена е кон создавање платформа наменета за идните генерација на претприемачи во светот на музиката, технологијата, претприемништвото и иновациите. Програмата ги собира учесниците на музичкиот, технолошкиот и екосистемот на стартапи со цел да дискутираат како да изградат подобра иднина. Музичката индустрија расте и сè повеќе се смета за солидна инвестиција. Платформата е менторирана од The Chorus.
Се одржува на 18 октомври и опфаќа теми од областа на одржливоста и социјалните промени.
Огнен Тилиќ
Фото: https://www.amsterdam-dance-event.nl/