Electrified Sessions и Post Global Recordings, во среда (16 јули) во соработка со клубот Сектор 909 го најавуваат гостувањето на електронскиот продуцент од Санта Фе, САД – Brian Mayhall.
Brian Mayhall е музичар и продуцент кој живее во пустинските планини на Санта Фе, во сојузната држава Њу Мексико, САД. Свирејќи над дванаесет години како басист и клавијатурист во пост-рок-психоделичното-техно трио D Numbers, Брајан е искусен изведувач кој е запознаен со широк спектар на музички контексти: од настапи на меѓународни музички фестивали до настапи во подрумите на студентските градови и денс забавите под ведро небо.
Во 2011 година тој започнуваа да ги изведува своите соло настапи кои набрзо ги освојуваат сите срца и подиуми низ светот. Со интригантно монтираните вокални семплови, длабоките битови и мелодичните текстури, живите настапи на Брајан Мејхал претставуваат сонични доживувања кои ја одразуваат несопирливата природа на неговото опкружување. Тој е соосновач на издавачката куќа Mesa Recordings за која го објавува својот дебитантски албум во 2013 година.
Домашна поддршка во Сектор 909 ќе добие од Martchin [Electrified Sessions / Btkrsh], DJ Ulterior [Thrive / Btkrsh], Toni Dimitrov [Post Global Recordings], како и од Lazy Kidz Visualz кои се задолжени за визуелизациите.