Да си фан на алтернативна електронска музика во Македонија, а да живееш надвор од Скопје е веројатно проклетство. Ретко кога би имал шанса да посетиш некоја добра забава по твој ќеф. Ретко и кој би се нафатил да го преземе ризикот да направи таква “ризична” забава во својот град. Како се забавуваат фановите на електронскиот звук надвор од Скопје? Текстот во продолжение е посветен на клупскиот живот во Битола:
Кога ќе се спомене ноќниот живот во Битола, првото нешто што секому паѓа на памет е Широк Сокак. Сите кафулиња залепени едни до други се полни, отсекаде ечат слични хитови и водат битка кој ќе пушти погласна музика. Ова е единствената слика што многумина ја имаат за ноќниот живот во Битола.
Но како и секаде, постојано има некој што оди спротивно на главната струја. „Црната овца“ во Битола која ја раздрмува монотоната слика е асоцијацијата 615. Познати по тоа што презентираат алтернативна електронска музика и прават DIY забави на нестандардни и чудни локации. Асоцијацијата 615 е токму она спротивното од тоа што прво ќе го помислиш за ноќниот живот во Битола.
Му покажаа на градот дека постои нешто друго освен излегување на Широк Сокак (не дека не е убав), туку докажаа дека добра забава може да се случи и во подземна гаража, недоградена куќа, касарна, под отворено небо во природа па и во напуштена селска кооперација. На забавите на 615 се промовира drum’n’bass, dubstep, electro, techno и секаква алтернатива во електронската музика.
Извор: https://www.getlokal.mk/mk/article/elektronskiot-zvuk-vo-bitola