Ело – новата социјална мрежа која функционира со големи слики и кратки коментари започна да се шири летово како вирус и некои ја сметаа како сериозна конкуренција на останатите социјални мрежи. Сепак, некои аналитичари апликацијата не ја сметаат воопшто како закана за останатите социјални мрежи со оглед на тоа дека нема ништо ново откако првпат се разви за краток период.
Пред неколку недели, Фејсбук беше топ тема кога почна со строго спроведување на политиката на вистински имиња. Излезе дека голем број на луѓе не само што им било преземено името, туку и идентитетот. ЛГБТ заедницата се побуни против новото правило што ги принудуваше трансродовите лица да ги користат нивните родови имиња.
Фејсбук се сретна со претставници од ЛГБТ заедницата, но сепак Ело го искористи тоа што некои од корисниците на Фејсбук бараа ново место за поврзување што предизвика побарувачката за Ело да се зголеми.
Ело функционира така што се остава е-мејл адресата и се чека покана. Со него може да се комуницира преку компјутер, преку IPhone или преку IPad. Потсетува на мешавина од Tumbler и Google+ . Сликите се големи и се централно поставени, под нив може да стои малку текст и коментари.
Ело во однос на постирањето е едноставен, сепак има некои негативни страни што предизвикува кај корисниците да се намали интересот. На пример, Ело нема постојани новости што е случај кај Твитер, така што корисникот нема желба постојано да го проверува. Ело ја нема разновидноста како кај Tumbler, а ниту ги има опциите „ми се допаѓа“ или опцијата за споделување.
Оваа мрежа претставува сплет на се што имало претходно. Без реклами и без карактеристики што вие не ги сакате. Сепак, според некои корисници ова не е доволно за да се одржи како енергична социјална мрежа.
Извор: mashable.com