Интернационалната мрежа на млади правници ЕЛСА ги повикува бруцошите да станат членови, со што, како што велат ќе добијат многу придобивки.
„Тимот на ЕЛСА ви посакува среќен и успешен почеток на новата академска година. Нека оваа година биде уште повеќе полна со знаења, нови можности и професионални предизвици. Не пропуштајте ја промотивната понуда за членство во ЕЛСА Северна Македонија, чија цена изнесува само 300 денари. Истата ќе важи во текот на цел месец октомври, а за повеќе информации може да се обратите на следниот мејл info@mk.elsa.org“, се вели во повикот.