Енергетската транзиција е премногу бавна и светот ќе има климатско затоплување, но и „пореметување“ во снабдувањето доколку не се започне со брза и огромна инвестиција во чистата енергија, предупреди денеска Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).
Агенцијата во годишниот извештај објавен две недели пред почетокот на меѓународниот собир на Обединетите нации за климата КОП26 во Глазгов, испрати „сериозно предупредување“ за правецот во кој се движи светот.
Исто така, ИЕА укажа дека се појавува „нова економија“ со батериите, хидрогенот и електричните возила.
Меѓутоа, на целиот тој напредок му се спротиставува статус квото и фосилните горива, наведува агенцијата, посочувајќи дека нафтата, јагленот и гасот се уште претставуваат 80% од изворите на енергија и генерираат три четвртини од климатските пореметувања.
Досега, доколку се исполнат обврските преземени од државите во врска со климата ќе овозможат намалување на емисиите на стакленички гасови за 20% до 2030 година, со цел глобалното затоплување да се држи под контрола.
Инвестициите во енергетски проекти за одвојување од јаглеродот треба да се зголеми за три пати во наредните десет години за да се постигне неутралност на јаглерод до 2050 година, рече директорот на ИЕА Фатих Бирол.