Во петтата епизода на „Engage Кicks&Gigs@Home“ гостува младата музичарка Хана Корнети. Таа е аматер, и создава музика чисто од љубов. За Радио МОФ ги изведува песните „Ова утро“, „A Song for Friends“, и „Small Town Kid“. Жали што има повеќе песни на англиски отколку на македонски, и планира да ја смени пропорцијата во блиска иднина.
Во време кога поради новиот корнавирус сите седат дома, и македонските музичари во „Engage Кicks&Gigs@Home“ од својот дом ги изведуваат омилените песни. Во веб серијалот гостуваат млади и алтернативни бендови и музичари од земјава, а целта ни е да ја поддржиме и промовираме локалната сцена, како и да ја запознаме публиката со домашните музичари од еден поинаков агол.