Радио МОФ и Младински образовен форум (МОФ) најавуваат електронско, бас и техно финале на овогодинешната конференција за друштвен активизам, ENGAGE.
„ENGAGE the NIGHT“ е вечерен музички настан, кој ќе се одржи на 18 април, со почеток во 23:00 часот. На два подиуми во Младинскиот културен центар ќе настапат повеќе македонски диџеи, а како гостин од Берлин, со настап во живо доаѓа M.E.S.H.
На првиот „BASS STAGE“ во денсинг салата на МКЦ, присутните ќе го слушнат настапот на M.E.S.H. [PAN / Janus ::: Berlin], кому домашна поддршка ќе му дадат Andreas Hz [BTKRSH], Hypertech D2 / [Btkrsh], Puk`kah [D2/Radio MOF] и Jamaican Space Research Programme [live act/Dyslexcian].
На вториот подиум „RETRO TECHNO STAGE // Vinyl only“, во главниот хол на МКЦ ќе настапат Goran Kan [Drop Series], Samoil Radinski [Logos Recordings], Flooder [Pollux] и Dejan Tevdo [Drop Series].
Влезот за „ENGAGE the NIGHT“ е 150 денари.