Утре (06.09) во просториите на Чифте амам во почеток во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата на скулптури „Ерос“ од професорот и член на Косовската академија на науките и уметностите, Луан Мулиќи.
„Скулптурите на Луан Мулиќи истражуваат низа психолошки и емоционални состојби, а некои од неговите
скулптури се посветени на истражување на сексуални феномени. Овие еротски скулптури често ги повикуваат гледачите да ги преиспитаат конвенционалните родови улоги и човечките сексуални односи. Со силни визуелни референции и фокусирање на опипливите аспекти на неговите дела, Мулиќи ја предизвикува перцепцијата на гледачот за еротизацијата, па затоа неговото целокупно творештво го
придружува потрагата за маестрална форма“, се вели во описот за изложбата.