Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Фрази за тоа дека „младите треба повеќе да ја следат работата на своите пратеници“ и „да ги знаат своите права и обврски“ често знаат да се слушнат од устите на политичарите. Но, во време на интернет телевизии, социјални мрежи и виртуелна реалност, како да се очекува младите да ја следат работата на Собранието кога седниците ги нема на интернет, а законите се раштркани на стотици различни веб-сајтови?
Изминативе недели во Собранието на Северна Македонија се зборуваше за два важни закони за помладите генерации: Законот за млади и законот за субвенциониран студентски оброк. Доколку младите сакаа да следат што дискутираат пратениците, немаа некој голем избор. Можеа да останат дома и да пуштат Собраниски канал, да го гледаат преносот на веб-страницата на МТВ, или да го стиснеа копчето „Собрание во живо“ на официјалната интернет страница на Собранието. Но, за оваа трета опција треба да исполнуваат одреден услов: веб-сајтот да го отворат преку Интернет Експлорер.
Корисниците на најпопуларните веб-пребарувачи, како Гугл Хром, Мозила Фајрфокс или Сафари, па дури и преку новиот пребарувач на Мајкрософт, Еџ, кога сакаат да пристапат до собраниските седници ги дочекува празна страница. Истото се случува и кога се обидувате видеоснимките да ги отворите преку смартфон. Не постои никаква напомена дека „плејерот“ е достапен само преку Интернет Експлорер.
Специјалистот за односи со јавност и нови медиуми, Бојан Кордалов, вели дека во време кога македонските граѓани сè повеќе се навикнуваат на „on demand“ примање на информациите, токму најмладите се оние кои најбрзо ја губат врската со следење на информативните содржини преку традиционалните медиуми.
„Ако на овој начин ја поставиме работата, ќе ни стане јасно дека собраниските активности многу малку или веројатно воопшто не допираат директно до младата популација. Во време на интернет и неограничен пристап до различни содржини, време е да се потсетиме дека денес граѓаните повеќе не ги бараат информациите, туку информациите „трчаат“ по луѓето“, објаснува тој.
Последната теренска анкета на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) покажа дека само 3% од младите меѓу 18 и 29 години за работата на Собранието се информираат од официјалните канали на институцијата, како што е Собранискиот канал и веб-сајтот. Друга нивна анализа, пак, покажува дека дури половина од сите граѓани на С. Македонија последниве пет години малку, или воопшто, не знаат што работи Собранието.
„Овој процент индицира константна неинформираност меѓу граѓаните, и ја потенцира потребата од сериозно преиспитување на каналите и пристапноста на која граѓаните можат да дојдат до потребните информации“, објаснува Александра Јовевска Ѓорѓевиќ, истражувач во Центарот за парламентарна поддршка на ИДСЦС.
Собранието на социјалните мрежи – колку да го има
Освен недостатоците со интернет страницата, Собранието има и дополнителен проблем. Оваа институција е скоро невидлива на социјалните мрежи.
На своите официјални Фејсбук и Твитер страници најчесто објавува текстуални известувања за дневниот ред на седниците, или пак само ги реобјавува текстовите од соопштенијата кои ги доставува до медиумите. Објавите не изгледаат привлечни за око и ретко може да се забележи дека некој корисник оставил „лајк“, коментар, или споделил одредена содржина. Инстаграм профил на Собранието воопшто не постои, иако сите последни истражувања ја посочуваат токму оваа социјална мрежа како најатрактивна за младите од С. Македонија.
На собранискиот Јутјуб канал, пак, последното видео е од посета на собраниска делегација во Кина, поставено пред седум месеци. На каналот се поставени вкупно 20-тина видеа во последниве 5 години, кои просечно имаат по 50-тина прегледи. Безмалку сите видеа се од официјални средби на Претседателот на Собранието во земјава и во странство. Во нивната Јутјуб видео архива се појавува само едно анимирано видео, за процедурата за носење закони, поставено пред две години.
На ниту еден од собраниските профили на социјални мрежи воопшто не се пренесуваат видео содржини од седници, од дискусиите кои ги водат пратениците, или пак од пресконференциите кои се одржуваат во законодавниот дом.
Со Собранието се обидовме да исконтактираме и преку Фејсбук, но на нашите прашања не добивме одговор, туку само едно „seen“ известување пет дена откако ја пративме пораката.
Колку Собранието не посветува внимание на социјалните мрежи, можеби најдобро може да илустрира тоа што, за време на пишување на овој текст, две од трите копчиња за поврзување со социјалните мрежи на нивниот веб-сајт не водеа никаде. Копчето за Фејсбук не ве поврзува со собраниската официјална страница, копчето за Твитер води кон профил кој повеќе не постои, додека единствено функционира копчето до Јутјуб каналот на Собранието, кој, да напоменеме уште еднаш, половина година нема објавено нова видео содржина.
„Лајк“ за Владата, „дислајк“ за Собранието
Со оглед на последните истражувања, кои покажуваат дека дури 70 проценти од младите се информираат преку интернет, а само 8 проценти преку телевизија, ваквото неатрактивно онлајн присуство ги одвраќа младите навикнати на брза комуникација, мултимедијални содржини и интерактивност.
Токму ова е поле на кое последниве три години Владата обрна особено внимание. Постојано и интензивно ги користат предностите кои ги нудат социјалните медиуми. На официјалните владини профили редовно се пренесуваат сите пресконференции кои ги држи премиерот и министрите, како и настаните кои се одржуваат во оваа институција предвидени за јавноста. Граѓаните, новинарите и експертската јавност на овој начин лесно можат да се информираат за работата на Владата, но и да извршат проверка за точност на сите изјави.
Предноста на Јутјуб и Фејсбук видео стримовите е што допираат до поголема публика, нудат можност за коментари, дебата и споделувања, а остануваат на платформите и по преносите во живо. Дополнително, дури и за време на видеопреносите, граѓаните преку овие социјални мрежи имаат можност да го враќаат видеото наназад или пак да паузираат кога имаат потреба за тоа, што често знае да биде многу практична опција.
Огромната разликата во начинот на кој Владата и Собранието се поставени кон социјалните мрежи се гледа и по бројот на следбеници. Собраниските профили имаат само 4.100 следбеници на Фејсбук и нешто под 800 профили кои ги следат на Твитер. Владата има 38.500 следбеници на Фејсбук и 10.900 на Твитер.
„Во ситуација во која многу истражувања покажуваат дека ги „губиме“ младите на секој начин, од иселување до невклучување во општествените процеси, потребен е инклузивен пристап кој Собранието ќе го примени на социјалните мрежи и ќе ги „разбуди“ младите“, објаснува Кордалов.
„Ако Собранието сака целосно да ја преземе централната улога во контролата над извршната власт, како што тоа впрочем и доликува во вистинска парламентарна демократија, ќе треба многу повеќе во својата стратегија за односи со јавност да се насочи кон граѓаните, отколку кон политичките партии и лидерите. Зошто го велам ова? Бидејќи изминатава деценија, откако социјалните медиуми станаа актуелни, многу почесто гледаме индивидуално поактивни пратеници или пратенички, отколку што е тоа случај со Собранието како целина. Секако дека е во ред и пожелно, пратениците да бидат активни и присутни на социјалните медиуми, но институцијата воопшто не треба да заостанува, туку да го предводи овој процес“, додава тој.
87 од вкупно 120 пратеници користеле социјални медиуми во 2019 година покажа aнализатa на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП). Фејсбук бил најпопуларна социјална мрежа (87 пратеници), по што следува Инстаграм (23 пратеници), а најмалку се на Твитер (12 пратеници). Само 10 пратеници истовремено користеле Фејсбук, Твитер и Инстаграм, а дури 31 пратеник немаат никаков профил на социјалните медиуми.
Отворен парламент… во изработка
Проблемот со интернет страницата Sobranie.mk се провлекува со години наназад. Последниот редизајн страницата претрпе во средината на 2014 година, но проблемот со видео плејерот не е решен ниту 6 години подоцна.
Во стратешкиот план на Собранието за периодот 2020-2022 една од целите е „отворен парламент“. За реализирање на оваа цел меѓу планираните активности се „реформа на собранискиот канал“ и „лесно пребарлива интернет страница и проактивно користење социјални мрежи“.
Вакви заложби постојат и во Националниот акциски план за отворено владино партнерство (2018-2020 година), каде Собранието го посочува проблемот на недоволно споделување на содржини и документи од работата на институцијата во јавноста. Меѓу преземените задачи до крајот на 2021 година е предвидена изработка на нова интернет страница на Собранието, како и зголемување на промоцијата на собраниските настани и активности од 30 до 60% на социјалните мрежи.
ИДСЦС, преку Програмата за парламентарна поддршка, се активно вклучени во имплементацијата на овие заложби. Јовевска Ѓорѓевиќ објаснува дека според планот предвидено е нова програмска понуда со интерактивни информативни и едукативни содржини за привлекување на младата публика.
„Предвиден е редизајн на веб-страницата на Собранието, со цел да биде попристапна за користење и побогата со содржини како – подетални информации на пратениците и нивната вклученост во собраниските дебати, едукативни и информативни содржини, непосредна комуникација со пратениците и слично. Една од конкретните активности, предвидени со акцискиот план, е зголемувањето на присутноста на Собранието на социјалните медиуми. Во прилог на ова достигнување, се планираните обуки и тренинзи за адаптирање на пристапот и информирањето на граѓаните и инвестирање и унапредување на социјалните профили на Собранието“, објаснува таа.
Јовевска Ѓорѓевиќ како позитивен пример го посочува Парламентарниот Институт, кој функционира како посебна организациска единица во Собранието. Тие работат по посебна програма за вклучување млади во работата на Собранието. Симулираат јавни расправи за средношколци, продуцираат информативни материјали, а во иднина планираат и едукативен портал за млади, онлајн квиз и виртуелна тура во собранскиската зграда.
Младите бараат интерактивност, а не „следење“
За Собранието да стане поатрактивно за младите, прво треба младите да се вклучат на одговорни позиции во процесот на одлучување, објаснува специјалистот за односи со јавност и нови медиуми, Кордалов. Дополнително, Собранишето мора редовно да ги следи, анализира и истражува навиките на младите луѓе за тоа кои се нивните најпосакувани начини за вклучување во неговата работа.
„Напоменувам дека доколку целта биде тие да „го следат“, односно само да „ја следат“ работата на Собранието, во тоа ни една стратегија не може да помогне. Тоа е како на денешните генерации, во образовниот систем, да им воведете настава со методите на сиропиталиштето во кои е сместен Оливер Твист од истоимениот роман на Чарлс Дикенс. Со други зборови, ако сакаме да се вклучат во општествените процеси, новите генерации изрично и бескомпромисно бараат интерактивност и целосна рамноправност во процесите“, објаснува тој.
Според Кордалов, тоа подразбира модерна мобилна апликација, презентација на работата низ мултимедијални техники и дигитални алатки изработени од врсници кои го зборуваат „нивниот јазик“. Дополнително, објави кои ја извлекуваат веста и поентата, а не реферати и записници, професионални онлајн тимови или онлајн агори на кои ќе се споделуваат информации преку кои може да се влијае на работата на седниците, како и обработка на теми кои директно ги засегаат младите.
„Земете ги последните случувања со „Телеграм“ и групата „Јавна соба“, или, пак, врсничкото насилство, недостатокот на современи методи во образованието, дигитализацијата итн. Многу теми кои речиси никогаш не доаѓаат на дневен ред помеѓу пратениците или, пак, ако бидат ставени служат за партиски пресметки и поткусурувања со цел некој пратеник да биде ставен од својот политички лидер повторно на кандидатските листи, односно секоја партија да улови што е можно повеќе гласачи“, додава Кордалов.
И од невладината МОСТ, кои работат на мониторинг на работата на Собранието, велат дека транспарентноста е единствен начин како парламентот да се приближи до младите. Додаваат дека во секој нивни извештај даваат препораки до институцијата, за кои велат дека постои добра волја да се прифатат во иднина.
„Техничките можности, опремување на просториите, стручен кадар и слично, како и изработката на современа веб-страница, лесно достапна за младите, се основни предуслови за одговорно информирање на граѓаните, особено на младата популација. Дополнително, и тука важи препораката за поинтензивна употреба на социјалните мрежи и објавување на активностите на нив, бидејќи социјалните медиуми како Фејсбук, Твитер, Јутјуб и други се многу попопуларни кај младите, за разлика од традиционалните медиуми како што се радиото, телевизијата и други. На пример, во текот на нашиот мониторинг забележавме поинтензивна активност на фејсбук-страница на претседателот на Собранието, што е за поздравување. Доколку основните предуслови, како што е постоењето на квалитетна веб-страница, се задоволени, Собранието ќе може лесно да ги користи социјалните мрежи, каде што младите ќе бидат навремено информирани за неговата работа“, велат од МОСТ.
Каша-попара со законите онлајн
Но, што е со една од најглавните задачи кои ги извршува Собранието – носењето закони? Овие документи, кои се носат од народните избраници и кои го регулираат поведението на граѓаните, поради кои некој може да добие казна, логично е да се очекува дека треба да бидат бесплатни, јавно достапни и навремено ажурирани. Сепак, она што на граѓаните им е достапно онлајн, повеќе ги комплицира, отколку што ги поедноставува работите.
Ако ве интересира содржината на одреден закон, најверојатно првото нешто што би го направиле е да го пребарате на интернет. Во морето на резултати, најчесто меѓу првите се појавуваат интернет страниците на министерствата и институциите. Но, таму, не секогаш ги има консолидираните текстови, а законите често се раштркани на различни места и посебно се издвоени измените и дополнувањата. Без одредено предзнаење, не може да бидете целосно сигурни дека ја гледате последната верзија на законот која е на сила.
На пример, ако сакате да ги проверите последните измени на Законот за возила, кои стапија на сила во август минатата година, нив ги нема во стариот законски текст поставен на веб-сајтот на Министерството за економија, кој излегува меѓу првите резултати кога се пребарува законот. Ако го „гуглате“ новиот Закон за прекршоци, донесен на почетокот на 2019 година, меѓу првите резултати ќе ви се појави линк до застарен и нечитлив закон објавен на веб-сајтот на Инспекцискиот совет на С. Македонија. Или, пак, ако сакате да го прочитате најновиот Закон за здравствена заштита, кој претрпe четири измени минатата година, тоа не е можно на веб-сајтот на Министерството на здравство кој се појавува меѓу првите резултати на Гугл. На нивната страница ажурирањето на Законот е последен пат направено во 2016 година.
Иако во Членот 10 од Законот за слободен пристап до информации е наведено дека институциите се должни на своите интернет страници да ги објавуваат законите и прописите од нивната надлежност, голем број од институциите не ги ажурираат еднаш поставените документи кога тие се менуваат.
При пребарувањето закони излегуваат резултати и од Службениот весник на Република Северна Македонија, која е единствена официјална база каде се објавуваат сите законски решенија. Сепак, пристапот до нивната електронска база на целата законска и подзаконска регулатива не е бесплатна. Претплата за една година за индивидуален корисник чини дури 15.500 денари. Токму деновиве забележавме дека јавното претпријатие си ја рекламира оваа електронската база. До поранешните изданија на Службениот весник постои можност да се пристапи бесплатно, но тоа нема да биде од помош на оној кој пребарува конкретен закон, доколку не знае точно во кое издание е објавен.
Постојат и платформи специјализирани за оваа намена, но проблемот со нив е што за да се пристапи до законите најчесто се бара регистрација, или пак плаќање претплата за користење на нивните услуги.
Но, едно е сигурно, при пребарувањето нема да ви се појави линк до интернет страницата на Собранието. Иако оваа институција, каде се носат законите, според експертите кои ги консултиравме, е најсоодветна локација за пребарување на закони, таква база на не постои на нивниот сајт.
Единствената бесплатна База на закони, подзаконски акти и други прописи е воспоставена од Министерството за правда, преку проект на Европската Унија. LDBIS Базата е основана токму со намера да овозможи лесен, брз и ефикасен преглед на сите закони, прописи и акти.
„Министерството за правда, во својата База на закони ги објавува сите закони и подзаконски акти, правилници и останато, не само од сопствениот ресор, туку и од останатите – не само од министерствата, туку и од други јавни субјекти. Сè што е објавено како пропис е објавено и во оваа дата-база. Граѓаните и стручната јавност имаат можност и хронолошки да ги следат измените на законите бидејќи алатката овозможува таква опција“, ни изјавија од Министерството за правда.
Иако Базата LDBIS е навистина прегледна и едноставна за користење, сепак, она што забележавме е дека законите поставени на оваа платформа воопшто не се индексираат преку Гугл. Едноставно кажано, доколку „гуглате“ одреден закон LDBIS базата нема да ви се појави меѓу резултатите во пребарувањето.
За ова ги известивме во Министерството, кои ни одговорија дека по консултација со колегите од ИТ секторот се согласиле дека треба да направат повеќе напори за видливост на алатката при индексирањето и дека во следниот период може да има подобрувања.
Перцепции на граѓаните: Затворено Собрание, кое не работи во интерес на младите
Собранието, заедно со политичките партии, се посочени како институции кои најмалку работат во интерес на младите во последното истражување на Вестминстер фондацијата и Младинскиот образовен форум во кое биле анкетирани млади на возраст од 15 до 35 години.
Последната теренска анкета на ИДСЦС за проектот „Собранието под лупа“ покажа дека повеќе од половина од испитаниците сметаат дека Собранието е целосно или делумно затворено за јавноста, додека речиси половина од испитаниците сметаат дека пратениците никогаш не ги застапуваат интересите на граѓаните. Според нивните истражувања, последната деценија граѓаните на С. Македонија ја оценуваат работата на Собранието со просечна оценка 3.
Собранискиот буџет за оваа година изнесува нешто под 10 милиони евра. Половина од парите ќе се потрошат за плати, а уште една третина за патни и тековни трошоци и привремени вработувања.
Додека лани буџетите за овие две ставки се реализирале прилично добро, реализацијата на средствата наменети за Собранискиот канал била катастрофална. На пример, во 2019 година биле предвидени 12 милиони денари за „купување опрема и машини“ за Собранискиот канал, од кои бил потрошен ниту еден денар.
Во Буџетот за 2020 година за Собранискиот канал се предвидени скоро тројно повеќе пари – 32 милиони денари. А, анализирајќи ги другите буџетски ставки, за реформа на интернет-страницата и нови онлајн услуги, веројатно би се користело нешто од 50-те милиони денари, донација за Програмата за поддршка на парламентот.
Од Собранието на сите наши прашања кои ги доставивме до нив преку официјалната е-пошта и преку Фејсбук порака не добивме никаков одговор.
За праќање на прашањата, сепак, користевме Гугл Хром, а не Интернет Експлорер.
Даниел Евросимоски
-
Error 404: Rinia në realitetin virtual, kuvendi i bllokuar në Internet Explorer
Frazat që “të rinjtë duhet të ndjekin më shumë punën e deputetëve” dhe “t’i dinë të drejtat dhe detyrimet e tyre” shpesh dalin nga gojët e politikanëve. Por, në kohën e televizionit në internet, rrjeteve sociale dhe realitetit virtual, si mund të pritet që të rinjtë të ndjekin punën e Kuvendit kur seancat nuk janë të disponueshme në internet dhe ligjet shpërndahen në qindra faqe të ndryshme të internetit?
Javët e fundit, në Kuvendin e Maqedonisë së Veriut janë diskutuar dy ligje të rëndësishme për gjeneratat e reja: Ligji për rininë dhe Ligji për ushqimin e subvencionuar të studentëve. Nëse të rinjtë do të donin të ndiqnin çka diskutojnë deputetët, nuk do të kenë ndonjë zgjedhje të madhe. Ata mund të qëndrojnë në shtëpi dhe të lëshojnë një kanal të Kuvendit, të shikojnë transmetimin në faqen e internetit të MTV ose ta shtypin butonin “Kuvendi drejtpërdrejtë” Ueb-faqen zyrtare të Kuvendit. Por për këtë mundësi të tretë ata duhet të plotësojnë një kusht të caktuar: të hapin ueb-faqen përmes Internet Explorer.
Përdoruesit e kërkuesve më të njohur të uebit, siç janë Google Chrome, Mozilla Firefox ose Safari, dhe madje edhe përmes mekanizmit të ri të kërkimit të Microsoft Edge, kur duan të qasen në seancat e Kuvendit hasin një faqe të zbrazët. E njëjta gjë ndodh kur përpiqeni të hapni video në smartfonin tuaj. Nuk ka asnjë përmendje se “plejeri” është në dispozicion vetëm përmes Internet Explorer.
Specialist për Marrëdhëniet me Publikun dhe Mediat e Reja, Bojan Kordalov, thotë se në një kohë kur qytetarët e Maqedonisë janë mësuar gjithnjë e më shumë për marrjen e informatave “on demand”, janë pikërisht të rinjtë ata që humbin më shpejtë lidhjen me përmbajtjet e informacionit përmes mediave tradicionale.
“Nëse e bëjmë punën tonë në këtë mënyrë, do të na bëhet e qartë se aktivitetet e kuvendit shumë pak ose ndoshta fare nuk kanë ndikim të drejtpërdrejtë te popullata më e re. Me internet dhe qasje të pakufizuar në përmbajtje të ndryshme, është koha të kujtojmë veten se sot qytetarët nuk kërkojnë më informacion, por informacionet “garojnë” për njerëzit “, shpjegon ai.
Anketimi i fundit në terren i Institutit për Demokraci “Societas Civilis” (IDSC) zbuloi se vetëm 3% e të rinjve nga mosha 18 deri në 29 vjeç janë të informuar për punën e Kuvendit nga kanalet zyrtare të institucionit, siç është Kanali Parlamentar dhe ueb-faqja. Një tjetër analizë e tyre tregon se edhe gjysma e të gjithë qytetarëve të M. së Veriut për pesë vitet e fundit dinë pak ose aspak se çfarë po bën Kuvendi.
“Kjo përqindje tregon një mungesë të vazhdueshme të informacionit mes qytetarëve, dhe potencon nevojën për një rishikim serioz të kanaleve dhe qasjes në të cilin qytetarët mund të vijnë te informacioni i nevojshëm,” shpjegon Aleksandra Jovevska Xhorxheviq, studiuese në Qendrën e Ndihmës Parlamentare të IDSC.
Kuvendi i Rrjeteve Sociale – Sa për ta pasur
Përveç mangësive me ueb-faqen, Kuvendi ka një problem shtesë. Ky institucion është pothuajse i padukshëm në rrjetet sociale.
Në faqet e tyre zyrtare Facebook dhe Twiter, faqet zakonisht publikojnë njoftime me shkrim për rendin e ditës të seancave, ose thjesht ribotohen tekstet e njoftimeve që ia dërgon mediave. Postimet nuk duken tërheqëse dhe rrallë mund të vërehet që ndonjë përdorues të ketë bërë “Lajk”, koment ose të ketë ndarë ndonjë përmbajtje të caktuar. Profili i Instagram-it i Kuvendit aspak nuk ekziston, edhe pse hulumtimet e fundit tregojnë se pikërisht ky rrjet social është më tërheqës për të rinjtë në M.e Veriut.
Në Kanalin YouTube të Kuvendit video e fundit është ngarkuar shtatë muaj më parë, nga një vizitë e një delegacioni parlamentar në Kinë. Kanali ka gjithsej 20 video në 5 vitet e fundit, me një mesatare prej 50 shikimesh për secilën. Pothuajse të gjitha videot janë nga takimet zyrtare të Kryetarit të Kuvendit në vend dhe jashtë saj. Në kanalin e tyre në arkivin e YouTube ka vetëm një video të animuar, kjo në lidhje me procedurën e miratimeve të ligjeve, e vendosur dy vjet më parë.
Asnjë nga profilet e kuvendit në mediat sociale nuk transmeton video përmbajtje nga seanca, nga diskutime të deputetëve, ose nga konferenca për shtyp të cilat mbahen në dhomën ligjdhënëse.
U përpoqëm të kontaktojmë Kuvendin përmes Facebook, por nuk morëm përgjigje ndaj pyetjeve tona, vetëm një njoftim “seen” pesë ditë pasi dërguam mesazhin.
Sa nuk i kushton vëmendje Kuvendi rrjeteve sociale, ndoshta më së miri mund të ilustrojë ajo që, gjatë kohës së përpilimit të këtij teksti, dy nga tre butonat për lidhje me rrjetet sociale në ueb-faqen e tyre nuk çonin askund. Butoni për Facebook nuk ju lidh me faqen zyrtare të Kuvendit, butoni për Twitter çon në një profil që nuk ekziston më, ndërsa i vetmi buton që funksionon është kanali i YouTube i Kuvendit, i cili, të përmendim edhe njëherë, nuk ka publikuar asnjë video përmbajtje të re për gjysmë viti.
“Lajk” për Qeverinë, “dislajk” për Kuvendin
Duke marrë para sysh hulumtimet e fundit, të cilat tregojnë se rreth 70 përqind e të rinjve informohen në internet dhe vetëm 8 përqind përmes televizionit, një prani e tillë jotërheqëse në internet i pengon të rinjtë të mësuar me komunikim, përmbajtje multimediale dhe ndërveprime të shpejta.
Pikërisht kjo është fusha për të cilën Qeveria i ka kushtuar vëmendje të veçantë për tre vitet e fundit. Ata vazhdimisht dhe intensivisht i shfrytëzojnë përparësitë të cilat i ofrojnë mediat sociale. Profilet zyrtare të Qeverisë rregullisht transmetohen të gjitha konferencat për shtyp të mbajtura nga kryeministri dhe ministrat, si dhe ngjarjet e mbajtura në institucion të parapara për publikun. Kështu, qytetarët, gazetarët dhe publiku ekspert mund të informohen lehtësisht për punën e Qeverisë, por gjithashtu të kontrollojnë saktësinë e të gjitha deklaratave.
Avantazhi i transmetimeve video në YouTube dhe Facebook është se ata arrijnë një publik më të madh, ofrojnë mundësi për komente, debate dhe shpërndarje (share), dhe qëndrojnë në platformat edhe pas transmetimeve të drejtpërdrejta. Për më tepër, edhe gjatë transmetimeve me video, qytetarët përmes këtyre rrjeteve sociale kanë mundësinë të kthejnë prapa videon ose të bëjnë pauzë kur kanë nevojë, gjë që shpesh është shumë praktike.
Dallimi i madh në mënyrën se si Qeveria dhe Parlamenti janë pozicionuar drejt rrjeteve sociale, reflektohet edhe në numrin e ndjekësve. Profilet e kuvendit kanë vetëm 4100 ndjekës në Facebook dhe pak më shumë se 800 profile që i ndjekin në Twitter. Qeveria ka 38.500 ndjekës në Facebook dhe 10.900 në Twitter.
“Në një situatë ku shumë studime tregojnë se jemi duke i “humbur” të rinjtë në çdo mënyrë, nga shpërngulja deri te mos përfshirja në proceset sociale, nevojitet një qasje inkluzive që do të aplikojë Kuvendi në rrjetet sociale dhe do t’i ‘zgjojë’ të rinjtë,” shpjegon Kordalov.
“Nëse Kuvendi dëshiron të marrë përsipër rolin qendror në kontrollin e pushtetit ekzekutiv, siç është në të vërtetë dhe si i ngjan një demokracie të vërtetë parlamentare, do të duhet shumë më tepër në strategjinë e tij për marrëdhëniet me publikun për t’i synuar qytetarët sesa partitë politike dhe udhëheqësit. Pse po e them këtë? Që prej dekadës së kaluar, pasi mediat sociale u bënë aktuale, ne më shpesh shohim deputete ose deputetë individualë më aktivë, sesa që është rasti me Kuvendin në tërësi. Padyshim që është në rregull dhe e dëshirueshme që deputetët të jenë aktiv dhe prezent në mediat sociale, por institucioni nuk duhet të lihet pas, por ta udhëheqë këtë proces ”, thotë ai.
87 nga gjithsej 120 deputetë kanë përdorur media sociale në vitin 2019 tregoi analiza e Institutit për Menaxhim të Mirë dhe Perspektivë Euro-Atlantike (IMMPEA). Facebook ishte rrjeti social më i popullarizuar (87 deputetë), pas së cilit vijon Instagram (23 deputetë) dhe më pak në Twitter (12 deputetë). Vetëm 10 deputetë përdorën Facebook, Twitter dhe Instagram në të njëjtën kohë, dhe madje 31 deputetë nuk kanë asnjë profil në mediat sociale.
Parlament i hapur … në punim
Problemi me ueb faqen Sobranie.mk ka vazhduar me vite. Ridizajni i fundit i faqes pësoi në mesin e vitit 2014, por problemi me video plejerin nuk u zgjidh as 6 vite më vonë.
Në planin strategjik të Kuvendit për periudhën 2020-2022 një nga qëllimet është “parlamenti i hapur”. Për ta realizuar këtë qëllim, aktivitetet e planifikuara përfshijnë “reformën e kanalit parlamentar” dhe “Ueb-faqen lehtë të kërkueshme dhe përdorimin proaktiv të rrjeteve sociale”.
Angazhime të tilla ekzistojnë edhe në Plan Veprimin Kombëtar për Partneritetin e hapur qeveritar (2018-2020), ku Kuvendi nxjerr në pah problemin e shpëndarjes së pamjaftueshme të përmbajtjeve dhe dokumenteve të punës së institucionit ndaj publikut. Ndër detyrat e ndërmarra deri në fund të vitit 2021 është zhvillimi i një ueb-faqeje të re të Kuvendit, si dhe një rritje në promovimin e ngjarjeve dhe aktiviteteve parlamentare nga 30 në 60% në rrjetet sociale.
IDSC, përmes Programit për mbashtetje parlamentare, janë përfshirë në mënyrë aktive në zbatimin e këtyre angazhimeve. Jovevska Xhorxheviq sqaron se plani parashikon një program të ri që ofron përmbajtje interaktive informuese dhe arsimore për të tërhequr publikun e ri.
“Një ridizajnim i ueb-faqes së Kuvendit, me qëllim që të jetë më e qasshme për përdorim dhe më e pasur me përmbajtje siç janë – informacione më të detajuara për deputetët dhe përfshirjen e tyre në debate parlamentare, përmbajtje edukative dhe informuese, komunikim të drejtpërdrejtë me deputetë dhe ngjashëm. Një nga aktivitetet konkrete të parapara në planin e veprimit është rritja e pranisë së Kuvendit në mediat sociale. Përveç kësaj arritjeje, janë planifikuar trajnime për përshtatjen e qasjes dhe informimin e qytetarëve dhe investimin dhe avancimin e profileve sociale të Kuvendit, ”shpjegon ajo.
Jovevska Xhorxheviq si një shembull pozitiv e sugjeron Institutin Parlamentar, i cili funksionon si njësi e veçantë organizative në Kuvend. Ata punojnë në një program të veçantë për përfshirjen e të rinjve në punën e Kuvendit. Simulojnë dëgjime publike për nxënësit e shkollave të mesme, prodhojnë materiale informuese dhe në të ardhmen planifikojnë një portal arsimor për të rinjtë, online kuiz dhe një turne virtual në objektin e Kuvendit.
Të rinjtë kërkojnë ndërveprim dhe jo të jenë “ndjekës”
Që Kuvendi të bëhet më tërheqës për të rinjtë, së pari të rinjtë duhet të përfshihen në pozicione përgjegjëse në procesin e vendimmarrjes, shpjegon Kordalov, specialist në marrëdhëniet me publikun dhe mediat e reja. Për më tepër, Kuvendi duhet t’i përcjellë rregullisht, analizojë dhe hulumtojë zakonet e të rinjve për mënyrat e tyre të preferuara të përfshirjes në punë.
“Theksoj se nëse qëllimi është ata “ta ndjekin” atë, ose thjesht “e ndjekin” punën e Kuvendit, për këtë nuk mund të ndihmojë asnjë strategji. Kjo është si në gjeneratat e sotme, në sistemin arsimor, t’i futni mësimdhënie me metodat e jetimoreve ku ishte i vendosur Oliver Tuist i romanit me emër të njëjtë nga Çarls Dikens. Me fjalë të tjera, nëse duam të përfshihen në proceset shoqërore, gjeneratat e reja në mënyrë të qartë dhe pa kompromis kërkojnë ndërveprim dhe barazi të plotë në procese, “shpjegon ai.
Sipas Kordalov, kjo do të thotë një aplikim modern mobil, prezantimi i punës përmes teknikave multimediale dhe mjeteve digjitale të zhvilluara nga bashkëmoshatarët që flasin “gjuhën e tyre”. Për më tepër, njoftime të cilat e nxjerrin lajmin dhe esencën, në vend të referateve dhe procesverbaleve, ekipe profesionale në internet ose agora online që do të ndajnë informacione përmes së cilave do të mund të ndikohet në punën e seancave, si dhe të përpunojnë tema që prekin drejtpërdrejt të rinjtë.
“Merrni zhvillimet e fundit me “Telegam” dhe grupin “Javna soba”, ose madje dhunën e bashkëmoshatarëve, mungesa e metodave moderne në arsim, digjitalizim, etj. Shumë tema që pothuajse asnjëherë nuk vijnë në rendin e ditës në mesin e deputetëve dhe nëse vijnë, shërbejnë për përplasje partiake dhe larje hesapesh me qëllim që ndonjë deputet të vendoset përsëri në listat e kandidatëve nga lideri i tyre politik, d.m.th, secila parti të gjuajë sa më shumë që të jetë e mundur “votuesit”, shton Kordalov.
Dhe nga joqeveritarja MOST të cilët punojnë për të monitoruar punën e Kuvendit, thonë se transparenca është mënyra e vetme që Kuvendi të afrohet te të rinjtë. Ata shtojnë se në secilin prej raporteve të tyre japin rekomandime për institucionin, për të cilin thonë se ekziston vullnet i mirë që të pranohen në të ardhmen.
“Mundësitë teknike, pajimi i hapësirave, kuadri ekspert dhe ngjashëm, si dhe përpunimi i një ueb-faqeje moderne, lehtësisht e arritshme për të rinjtë, janë parakushte thelbësore për informacion të përgjegjshëm për qytetarët, veçanërisht për popullatën e re. Për më tepër, edhe këtu vlen rekomandimi për përdorim më intensiv të rrjeteve sociale dhe publikimin e aktiviteteve të tyre, pasi mediat sociale si Facebook, Twitter, YouTube dhe të tjerët janë shumë më të popullarizuara te të rinjtë, sesa mediat tradicionale si radio, televizioni, etj. Për shembull, gjatë monitorimit tonë kemi vërejtur një aktivitet më intensiv në faqen në Facebook të Kryetarit të Kuvendit, që është për tu përshëndetur. Nëse përmbushen parakushtet themelore, siç është ekzistenca e një ueb-faqeje cilësore, Kuvendi do të jetë në gjendje të përdorë me lehtësi rrjetet sociale, ku të rinjtë do të mbahen të informuar në kohë për punën e tij, “thonë nga MOST.
Përshesh me ligjet online
Por, çfarë ndodh me një nga detyrat më kryesore të cilat i kryen Kuvendi – miratimin e ligjeve? Këto dokumente, të cilat miratohen nga të zgjedhurit e popullit dhe të cilat e rregullojnë sjelljen e qytetarëve, për shkak të të cilave dikush mund të fitojë dënim, është e logjikshme të pritet që ato të jenë pa pagesë, publikisht të qasshme dhe të përditësuara në kohë. Megjithatë, atë ndaj së cilës qytetarët kanë qasje online, më tepër i komplikon, sesa i thjeshtëson punët.
Nëse ju intereson përmbajtja e një ligji të caktuar, gjëja e parë që me siguri do ta bëni është ta kërkoni në internet. Në detin me rezultate, zakonisht ndër të parat paraqiten internet faqet e ministrive dhe institucioneve. Por, atje, jo çdo herë i gjen tekstet e konsoliduara, ndërkaq ligjet shpesh janë të shpërndara në vende të ndryshme dhe posaçërisht veçohen ndryshimet dhe plotësimet. Pa një para njohuri të caktuar, nuk mund të jeni plotësisht të sigurt se e shihni versionin e fundit të ligjit i cili është në fuqi.
Për shembull, nëse doni të kontrolloni ndryshimet e fundit të Ligjit për automjetet, të cilat hynë në fuqi në gusht të vitit të kaluar, ato mungojnë në tekstin e vjetër të ligjit të vendosur në ueb faqen e Ministrisë së Ekonomisë, faqe e cila paraqitet ndër rezultatet e para kur kërkohet ligji. Nëse e “gulgoni” Ligjin e ri për kundërvajtje, të miratuar në fillim të vitit 2019, ndër rezultatet e para do t’ju paraqitet linku që ju udhëzo” në ligjin e vjetërsuar dhe që nuk lexohet mirë, të publikuar në ueb faqen e Këshillit Inspektues të Maqedonisë së Veriut. Ose, nëse dëshironi të lexoni Ligjin më të ri për mbrojtje shëndetësore, i cili pësoi katër ndryshime vitin e kaluar, kjo nuk është e mundur në ueb faqen e Ministrisë së Shëndetësisë e cila paraqitet ndër rezultatet e para në Google. Në ueb faqen e tyre përditësimi i Ligjit, herën e fundit është bërë në vitin 2016.
Edhe pse në nenin 10 të Ligjit për qasje të lirë drejt informacioneve është theksuar se institucionet janë të obliguara në internet faqet e tyre të publikojnë ligjet dhe dispozitat në kompetencë të tyre, numër i madh i institucioneve nuk i përditësojnë dokumentet të cilat njëherë i kanë vendosur dhe të cilat kanë pësuar ndryshime.
Gjatë kërkimit të ligjeve dalin rezultate edhe nga Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë së Veriut, e cila është baza e vetme zyrtare ku publikohen të gjitha zgjidhjet ligjore. Megjithatë, qasja në bazën e tyre elektronike në të gjithë rregullativën ligjore dhe aktet nënligjore nuk është pa pagesë. Parapagesa për një vit për përdorues individual kushton madje 15.500 denarë. Pikërisht këto ditë vërejtëm se ndërmarrja publike e reklamon këtë bazë elektronike. Në botimet e mëparshme të Gazetës Zyrtare ekziston mundësua për qasje pa pagesë, por kjo nuk i ndihmon shumë, dikujt që kërkon ligj konkret, nëse nuk e di saktë në cilin botim është publikuar.
Ekzistojnë edhe platforma të specializuara për këtë dedikim, por problemi me ato është se për të pasur qasje në ligjet, zakonisht kërkohet të regjistroheni, ose të paguani parapagesë për përdorimin e shërbimit të tyre.
Por, një gjë është e sigurt, gjatë kërkimit nuk do t’ju paraqitet link që do tu çojë në internet faqen e Kuvendit. Edhe pse ky institucion, ku miratohen ligjet, sipas ekspertëve të cilët i konsultuam, është lokacioni më përkatës për kërkimin e ligjeve, bazë e këtillë nuk ekziston në faqen e tyre.
Baza e vetme e ligjeve, akteve nënligjore dhe normave të tjera ligjore, pa pagesë, është vendosur nga Ministria e Drejtësisë, nëpërmjet projektit të Bashkimit Evropian. LDBIS Baza është themeluar pikërisht me qëllim të mundësojë, pasqyrë të lehtë, të shpejtë dhe efikase të të gjitha ligjeve, normave dhe akteve.
“Ministria e Drejtësisë, në Bazën e saj të ligjeve i publikon të gjitha ligjet dhe aktet nënligjore, rregullore dhe të tjera, jo vetëm të resorit të vet, por edhe të resorëve të tjerë, jo vetëm të ministrive, por edhe të subjekteve të tjera publike. Gjithçka që është publikuar si normë, publikohet edhe në këtë data bazë. Qytetarët dhe ekspertët janë mundësi në mënyrë kronologjike të ndjekin ndryshimet e ligjeve sepse kjo mënyrë mundëson opsion të këtillë”, na thanë nga Ministria e Drejtësisë.
Edhe pse Baza LDBIS është vërtet shumë e sistematizuar dhe e thjeshtë për përdorim, megjithatë, atë që e vërejtëm është se ligjet e vendosura në këtë platformë aspak nuk indeksohen nëpërmjet Google. Thjesht thënë, nëse “gugloni” ligj të caktuar LDBIS baza nuk do tu paraqitet në mesin e rezultateve të kërkuara.
Në lidhje me këtë i njoftuam në Ministri, të cilët na u përgjigjën se pas konsultimit me kolegët e IT sektorit, janë pajtuar se duhet të bëhen më tepër përpjekje për dukshmërinë e këtij mjeti gjatë indeksimit dhe se gjatë periudhës në vijim mund të ketë përmirësime.
Perceptimet e qytetarëve: Kuvend i mbyllur, i cili nuk punon në interes të të rinjve
Kuvendi, së bashku me partitë politike, janë sugjeruar si institucione të cilat më pak punojnë në interes të të rinjve, në hulumtimin e fundit të Vestminster Fondacionit dhe Forumit Rinor Arsimor, gjatë çka janë anketuar të rinj të moshës prej 15 deri në 35 vjet.
Anketa e fundit në terren e IDSCS për projektin “Kuvendi nën thjerrëz”, tregoi se më tepër se gjysma e të anketuarve janë të mendimit se Kuvendi është tërësisht ose pjesërisht i mbyllur për publikun, ndërsa pothuajse gjysma e të anketuarve janë të mendimit se deputetët asnjëherë nuk i përfaqësojnë interesat e qytetarëve. Sipas hulumtimit të tyre, qytetarët e Maqedonisë së Veriut, dekadën e fundit e punën e Kuvendit e vlerësojnë me notën mesatare 3.
Buxheti i Kuvendit për këtë vit është diçka nën 10 milion euro. Gjysma e parave do të shpenzohen për paga, ndërsa edhe një e treta për shpenzime rrugore dhe punësime të përkohshme.
Ndërkaq përderisa vjet, buxhetet për këto dy zëra janë realizuar mjaft mirë, realizimi i mjeteve të dedikuara për Kanalin e Kuvendit ka qenë katastrofale. Për shembull, në vitin 2019, janë parashikuar 12 milion denarë për “blerjen e pajisjes dhe makinave” për Kanalin e Kuvendit, nga të cilat nuk është harxhuar asnjë denar.
Në Buxhetin për vitin 2020, për Kanalin e Kuvendit janë parashikuar pothuajse trefish më tepër para – 32 milion denarë. Ndërsa, duke i analizuar zërat e tjerë buxhetor, për reformën e internet faqes dhe on line shërbimet të tjera, me siguri do të shfrytëzohen diçka nga 50 milion denarët, donacion për Programin për Mbështetje Parlamentare.
Nga Kuvendi, në lidhje me pyetjet tona të cilat jua parashtruam nëpërmjet e – postës zyrtare dhe nëpërmjet Facebook mesazhit, nuk morëm asnjë përgjigje.
Për dërgimin e pyetjeve, megjithatë, përdorëm Google Chrome dhe jo Internet Explorer.
Daniell Evrosimoski