Ла Суфриер, вулканот на карипскиот остров Сент Винсент, еруптираше вчера откако ден претходно локалните власти прогласија црвена тревога и издадоа наредба за евакуација на населението. Премиерот Ралф Гонсалвес ја издаде наредбата откако беа забележани повеќедневни зголемувања на сеизмичките активности.
Директорка на Сеизмичкиот центар, Ерусила Џозеф, рече дека чадот и пепелта се издигаат дури 10 километри.
Националната организација за управување со вонредни ситуации на Твитер објави дека постои „значителна можност за катастрофа“ и ги предупреди жителите да бидат подготвени. Евакуацијата започна завчера, а жителите се преселени на крстаречки бродови и на блиските острови.
The La Soufriere volcano in St Vincent has moved into an explosive state. pic.twitter.com/TxRl2O8eDE
— Jamaica Observer (@JamaicaObserver) April 9, 2021
„Приближно 16.000 луѓе живеат во црвената зона и ќе треба да бидат евакуирани“, изјави Ерусила Џозеф за АП.
Пандемијата на коронавирусот може да ги попречи напорите за евакуација. Премиерот Гонсалвес на прес-конференција рече дека луѓето мора да бидат вакцинирани доколку се качат на брод за крстарење или им се даде привремено засолниште на друг остров.
Тој рече дека се очекува пристигнување на два крузера на Ројал Карибиен и уште две на компанијата Карнивал. Островите кои рекоа дека ќе прифатат евакуирани се Света Луција, Гренада, Барбадос и Антигва.
Potente y agresiva erupción del volcán la Soufrière en la isla caribeña de San Vicentepic.twitter.com/16ya30jON5
— 6w (@6w_es) April 9, 2021
„Нема сè да биде совршено, но ако сите соработуваме, ќе поминеме низ ова посилни од кога било“, рече Гонсалвес.
Тој истакна дека разговарал со карипските влади за да прифатат лични карти на луѓето кои немаат пасоши.
„Ова е вонредна ситуација и сите тоа го разбираат“, рече тој.
🔴Acaba de estallar el volcán La Soufriere, ubicado en San Vicente y las Granadinas, en las Antillas Menores: miles de personas han sido evacuadas en ferries esta madrugada y más cruceros llegarán para trasladar a los residentes en las proximidades del volcán.
Sigue ⬇️ pic.twitter.com/pQZLEg843O
— Jean Suriel (@JeanSuriel) April 9, 2021
Пред неколку месеци, научниците предупредија дека овој вулкан може да еруптира со оглед на зголемувањето на сеизмичката активност во источниот дел на Карибите.
Ова е особено значајно затоа што вулканите во овој дел на светот се мирни со децении.
Во декември, научниците забележале дека од кратерот на вулканот излегуваат гасови и се почувствувале потреси во негова близина. Дури и тогаш, владата ги предупреди сите оние кои живеат во близина на вулканот да се подготват за евакуација доколку е потребно.
Ла Суфриер, лоциран во близина на северниот врв на главниот остров Свети Винсент, последен пат еруптирал во 1979 година.
Во ерупцијата во 1902 година загинале околу 1.600 луѓе. Тоа се случило воочи ерупцијата на Мон Пеле на карипскиот остров Мартиник, кога бил уништен градот Сен Пјер, а загинале повеќе од 30.000 луѓе.