ЕУ се договори за регулација на вештачката интелигенција

По разговори кои траеа 36 часа, преговарачите ги договорија правилата за користење на вештачката интелигенција, односно системите за фацијално препознавање и ЧетГПТ. Европскиот парламент ќе го гласа Законот за вештачка интелигенција при почетокот на 2024 година, а законот е најавен да стапи на сила во 2025.

САД, Велика Британија и Кина допрва треба да ги објават своите кориснички правила.

Предлог регулациите вклучуваат користење на ВИ во Европската Унија, како и ограничувања за вештачката интелигенција при нејзино користење од страна на властите и безбедносните агенции.

Корисниците ќе имаат право да поднесат жалби, а доколку се утврдени прекршоци, најавени се и казни.

Европскиот комесат Тиери Бретон ги опиша плановите како „историски“ велејќи дека регулацијата концизно ги поставува правилата за употреба на вештачката интелигенција.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен истакна дека Законот за вештачка интелигенција ќе помогне во равој на технологијата без да се прекршуваат безбедноста и правата на луѓето.

Европскиот парламент ја дефинира вештачката интелигенција како софтвер кој може „за даден сет на цели дефинирани од човекот, да генерира резултати како содржина, предвидувања, препораки или одлуки кои влијаат на средини со кои тие комуницираат“.

 

Европската Унија се поблиску до закон за вештачка интелигенција