Европската Унија го усвои законот за универзално полнење на мобилните телефони и помалите електронски уреди, пренесува „Independent“.
Оттаму, производителите ќе бидат принудени да создадат универзално решение за полнење на мобилните телефони и помалите електронски уреди.
Ваквата одлука ќе ја задолжи компанијата „Епл“ да ги стандардизира полначите на „Ајфон“-от
„Епл“ и останатите компании ќе мора да ги променат полначите во УСБ-Ц полначи до крајот на 2024 година, кога законот ќе биде одобрен и од Европскиот Парламент.
Новата регулација цели кон намалување на отпадот со поттикнување на потрошувачите повторно да ги користат постојните полначи при купување нов уред.