Од следната година, црната кутија ќе биде задолжителна во сите нови автомобили во Европската Унија, а од 2024 година таква кутија ќе имаат сите возила регистрирани за прв пат, пренесува „Ал Џазира Балканс“.
Црната кутија е уред што треба да ги открие најмалите детали за се што се случувало во секундите пред некоја сообраќајна несреќа. Таа бележи дури 41 податок кој помага при вештачењето на ваквите ситуации.
Инаку, црната кутија во автомобилската индустрија не е нова и некои нови возила веќе ја имаат. Таа најчесто се наоѓа меѓу седиштето на возачот и совозачот, во модулот за воздушни перничиња.